За љубов, среќа и успех – овие 3 растенија мора да ги имате во вашиот дом

Фенг шуи филозофијата, истакнува дека растенијата се основа на добрата енергија. Освен што носат рамнотежа и позитива, одредени растенија ви носат и одреден тип на среќа, пренесуваат медиумите.

Магичниот цвет на орхидејата, според древната кинеска вештина за уредување на просторот, се користи за пронаоѓање на новата љубов.

Орхидејата во спалната соба, на ноќното ормарче покрај креветот или на прозорот исто така ќе биде прекрасен украс за самиот простор.

Фенг шуи мајсторите веруваат дека бамбусот привлекувал позитивна енергија, успех и стабилност во врската.

За повеќе успех и пари во домот, засадете три или девет бамбуси, а најдобра позиција за нив е левиот дел од домот кој е најмногу оддалечен од влезната врата, сметаат мајсторите на оваа кинеска вештина.

Златниот бршлен е растение кое е заслужно за одбивање на негативната енергија.

За него е идеална локација празен агол во стан или дома или на празна полица.

Фенг шуи е иначе древна кинеска вештина за уредување на просторот и живеење во склад со околината во која престојуваме, на начин да привлечеме позитивна животна сила наречена Чи во своите домови и во својот живот за да обезбедиме среќа за целото семејство и за своите потомци, пишуваат странските медиуми.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *