Златан Ибрахимовиќ како Дедо Мраз: На сите соиграчи им купи ист поклон (ФОТО)

Во соблекувалната на Милан, новогодишните пакетчиња пристигнаа нешто порано, благодарение на Златан Ибрахимовиќ.

Иако има 39 години, Швеѓанинот фантастично игра фудбал, кој оваа сезона росонерите ги држи на чело на Серија А, а пример за добрите игри е и одличната атмосфера во соблекувалната и односот на Ибрахимовиќ кон своите соиграчи, кој се обидува постојано а ги изненади.

Така и овој пат, на сите фудбалери на Милан им купи идентичен поклон и им го испрати на домашна адреса.

Во прашање е новата конзома Плејстејшн 5, која секако себе можат да си ја дозволат сите фудбалери на росонерите (бидејќи чини околу 500 долари), но Ибрахимовиќ побрза и испазари пред да стане хит во светот.

Сите на социјалните мрежи се пофалија со гестот на внимание од страна на Ибрахимовиќ, а Златан повторно докажа дека е еден од луѓето кои можете или да ги обожавате или да не ги поднесувате. Едноставно, нема средина.

Иначе, Ибрахимовиќ оваа сезона одигра 9 натпревари и постигна исто толку голови, како и две асистенции.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *