Знаете ли зошто ниту едно знаме на светот нема виолетова боја на него?

Знамињата на државите се во најразлични бои, украсени со силни елементи како орли, ѕвезди, змаеви. Меѓутоа, доколку добро ги познавате боите и грбовите, сигурно сте забележиле дека на ниту едно знаме ширум светот нема виоелтова боја.

Причината лежи во тоа што, помеѓу останатото, виолетовата боја во минатото била многу скапа. Во старите времиња таа се добивала од посебни видови на морски полжави од Медитеранот. Биле потребни преку 10.000 полжави за само еден грам боја.

Затоа оваа боја ја ценеле како и злато.

Виолетовата боја, во поголемиот дел од случаите, се поврзувала со кралски семејства, бидејќи единствено тие имале услови да ја носат.

Кралицата Елизабета наредила да виолетовата боја смеат да ја носат само членови на кралското семејство. И никој освен нив. Меѓутоа, оваа боја понекогаш била скапа и за самите владетели.

Римскиот император Аурелије и забранил на својата сопруга да купи свилен виолетов шал, бидејќи само едно шишенце на виолетова боја чинела три златни полуги, што денес би изнесувало околу 50.000 евра.

Престижниот статус на виолетовата боја се променил дури во 1856. година кога студент на британскиот универзитет, Вилијам Хенри Перкин, се обидувал да пронајде лек за маларија, но случајно открил начин како да произведе синтетичка виолетова боја.

Со оглед на тоа дека нејзиното производство е значително олеснето, виолетовата боја станала достапна за сите, па не не чуди што се појавува на одредени знамиња настанати околу 1900. година.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *