“Зошто носите брендирани работи, а немате ни 500 евра во џебот?”, Марија со порака до младите кои само “изгледаат” богато

“Кога немав пари носев што било, еве и сега”.

Флекс културата зазема се поголем замав на Балканот, а за тоа одлучи да проговори и познатата српска пејачка Марија Шерефовиќ.

Пејачката Марија Шерифовиќ прокоментира дека не ја сфаќа потребата на луѓето кои сакаат да носат брендирани рабти, а бидејќи немаат пари за тоа, купуваат копии.

-Да дојде некој да ми ја објасни потребата на луѓето кои сакаат да носат брендирани работи, а притоа знаеме дека немате 500 евра во џебот, но затоа лого тука, се пишува, се носи “Moncler”, “Givenchy”, “Balmain”, “Gucci”, “Valentino”…-изјави Марија.

Пејачката Марија Шерифовиќ истакна дека таа купува сега на истите места, како и порано, кога немала пари, а како што рекла – не гледа во што е проблемот тука.

-Што е тоа човече? Облечи се како господин човек, ќе изгледаш сто пати подобро отколку во тие пластични, синтетички работи. Таа исто така истакна дека пазарувала на места, каде што и ден денес пазарува, иако тогаш немала толку пари колку сега.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *