Зошто пилотот и копилотот никогаш не јадат иста храна? Причината е оправдана

Со намера да ги заштитат патниците, авио-компаниите го практикуваат овој интересен обичај, а погледнете и зошто.

 

Сигурноста на патниците во авионскиот превоз речиси е во потполност на рацете на персоналот, така што пилотите на комерцијалните летови мора да почитуваат одредени работи. Пилотите најчесто можат да бираат со кој копилот би сакале да летаат, а со кој не, но сепак, некои правила никако не смеат да се прекршат. Едно од нив е и тоа дека пилотот и копилотот пред летот не смеат да консумираат ист вид на храна.

Иако правилото можеби изгледа чудно, за истото постои оправдана причина, која е секако од сигурносна природа. На пример, доколку пилотот добие труење со храна од оброкот кој го јадел, другиот пилот ќе може да го преземе управувањето со авионот.

Важно е да се додаде дека оваа пракса не е пропишана со закон, но по правило ја донесуваат авио-компаниите со цел да ги заштитат своите патници. Исто така, на пилотите им се советува избегнување на одредена храна пред летот, како што е сировата риба.

Труењето со храна на летовите е реткост, но се забележани некои случаи. Најпознат е оној од 1982. година, кога со расипан пудинг се затруле дури 10 членови на екипажот, вклучувајќи ги и пилотот и копилотот, а за работите да бидат полоши, станувало збор за прекуокеански лет од Њујорк до Лисабон. Сепак, пилотите успеале да останат свесни и да се вратат во Бостон, а со обѕир на денешната пракса на консумирање храна пред летовите, речиси е невозможно двата пилоти да се затрујат со храна.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *