Зошто сеуште се трудите да бидете совршени?

Не постои совршенство, веќе го знаете ова. Зошто тогаш се уште се трудите да бидете совршени? Секој има свои недостатоци кои го прават поразличен од другите. Не е важно ако тие недостатоци се негативни или позитивни, прифатете дека се ваши и уживајте во нивните предности.

Исфрлете го чувството на незадоволство од самите себе на лесен начин. Вие сте уникатни, нема потреба да се менувате. Прифатете се какви што сте и сакајте се, бидејќи само така ќе бидете среќни самите со себе. И покрај вашите мани и недостатоци, сигурно може да се сетите на барем 5 личности кои се секогаш тука за вас и ве имаат прифатено како личност која им значи во животот и покрај се.

Вие сте различни. Вашето несовршенство ве прави совршени. Никогаш ама баш никогаш не правете се нешто што не сте. Зошто да носите маска прикривајќи ги вашите недостатоци со која ќе ги импресионирате луѓето околу вас на кратко? Истакнувајте ги вашите недостатоци, уживајте во вашата несовршеност и бидете среќни, бидејќи не постои ниедна личност на оваа земја слична на вас. Вие сте единствени.

Дали и вие сте несовршени? Одговорот сигурно е да, а тоа е супер. Гледајте ја позититивната страна, никој не е совршен а вие се вклопувате во општеството со својата несовршеност. Со истакнување на вашите недостатоци, се истакнувате себеси во вистинско светло и признавате дека сте само човек кој се труди да биде среќен без разлика на се. Исто така, голема е веројатноста доколку ги истакнувате вашите недостатоци, со време истите да станат ваши јаки страни. Со други зборови, позитивни карактеристики по кои сите ќе ве препознаваат и ќе ви се восхитуваат. Бидете совршено несовршени и уживајте во тоа.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *