Зoмби клетки: Нови откритија на научници за живот после см.рт.та, ова живее во нас цели 24 часа

Живот после см.рт постои, барем оној биолошкиот, бидејќи одредени клетки на човечкиот мозок остануваат активни неколку часа откако човекот ќе по.чи.не, тврдат научниците во своето ново истражување.

Одредени клетки, како што наведуваат научниците во истражувањето објавено во Сајентифик репорт, не само што се активни, туку можат и да растат.

Се работи за глијални клетки, клетки во човечкиот мозок кој не спаѓаат во невронски, туку се користат за исхрана, заштита и потпора на невроните и околу нив образуваат рамка.

Ваквите карактеристики на глијалните клетки, поради кои го добиле и прекарот “Зoмби” клетки, ги открил тим на чие чело бил Џефри Леб, шеф на отсекот за неврологија на Медицинскиот колеџ во Чикаго при Универзитетот Илионис.

“Поголемиот дел од истражувањата претпоставуваат дека во мозокот се запира кога срцето престанува да чука, но тоа не е случај.

Нашите наоди ќе бидат неопходни за да се протумачи истражувањето на човечките мозочни ткива, бидејќи ваквите промени на клетките досега не беа прецизно утврдени” вели тој.

Тој објаснува дека не е изненадувачка активноста на овие клетки после см.рт.та.

“Глијалните клетки се инфламанторни и нивна задача е да ја исчистат околината после оштетување на мозокот, како што се недостаток на кислород или мозочен удар”, вели Леб.

Ваквите резултати од истражувањето би можеле да бидат многу значајни во другите истражувања кои ги иучуваат примероците од мозокот, бидејќи научниците, кои се занимаваат со истражување на невролошките заболувања, досега не ја земаа во предвид пост.мортем активноста на овие клетки. Со други зборови, истражувањата на невролошките заболувања сега ќе бидат значително попрецизни.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *