Иако е една од најбогатите жени во Америка, таа живее како бездомник и јаде конзервирана храна (ВИДЕО)

Автомобилот и е стар 17 години и јаде храна за мачки, и иако има милиони, никогаш не троши повеќе од 1000 долари месечно.

Една американска милионерка, иако има преку 5 милиони долари на сметка, никако не ги троши своите пари. Ја нарекуваат најголема скржавка на светот.

Како што и самата изјавила, јаде храна за мачки и штеди на сметки, а автомобилот кој го вози е стар 17 години.

-Го држам бојлерот исклучен. Ми требаат 22 минути доволно да се загрее за да можам да се истуширам, па го вклучувам секое утро кога ќе се разбудам – изјавила таа во емисијата “Најскржавите милионери” и додала дека на тој начин успева да заштеди околу 80 долари месечно. Никогаш не си купува ништо себе си и поради тоа успеала да заштеди преку 200 илјади долари.

Она што ги изненадило сите е и користењето на стар сунѓер за садови, го користи буквално додека не се распадне. Куќата ја добила после развод од поранешниот сопруг, а тој доброволни чисти секој месец бесплатно Таа смета дека тоа е обострана корист за двајцата, бидејќи Мајк на тој начин вежба и одржува форма.

На службени патувања патува четири часа со својот автомобил стар 17 години, за да заштеди 250 долари на авионска карта.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *