Иако неговите родители заработуваат стотици илјади евра, тој работи во бутик за 250 евра плата

Можеме слободно да кажеме дека целата Балканска естрада, заработувала толку добро, што дефинитивно ниту нивните деца не треба да размислуваат за својата иднина, но, сепак постојат и такви, кои сакаат да обезбедат сопствена финансиска стабилност и иднина по своја желба.

Таков прекрасен премиер, е и примерот на Јован, кој одлучил да не фати по стапките на своите родители, и самиот да одлучи за својата иднина, како и за својата професија и кариера.

Студира и работи, Злата вели дека не ја чуди што нејзиниот син е способен и самостоен.

Децата на познатите родители обично се популарни, медиумски личности или тргаат по стапките на мајката или таткото. Сепак, тоа не е случај кај сите деца чиј родители се јавни личности.

Синот на пејачката Злата Петровиќ и водителот Зоран Пејиќ Пеја, младиот Јован, работи во продавница за познат спортски бренд во склоп на еден трговски центар за плата од 285 евра, или 33.000 српски динари.

Јован ретко го гледаме во јавност, затоа што таквиот начин на живот никогаш не го интересирал. Тој е премиер студент и дете за пример, велат неговите родители.

“Јован веќе девет месеци работи во тој трговски центар. Јас не сакав да разговарам за тоа, но кога веќе сте дознале, тогаш морам да се пофалам. Што да ви кажам освен дека сум горда на него. Сам одлучи да се вработи и да заработува. Тој е еден од најдобрите студенти, сите му се деветки и десетки. Пеја и јас можеме да му овозможиме се што ќе посака, но тој сака свои пари. Наскоро ја завршува втората година на факултет и успева се да постигне”, изјави Злата Петровиќ во една прилиак за српски Курир и додала дека Јован има многу планови.

“Скоро ми рече дека собира пари од платата за да купи автомобил. Пеја и јас имаме автомобили, можеше да ги вози нашите коли, но ете, тој сака да има своја, за која сам ќе заработи. Многу е одговорен и вреден, излегувањата не му се на прво место, иако секако го сака и тоа, како и сите плати. Право да ви кажам, и не ме чуди што Јован е таков, бидејќи и јас и сопругот сме исто така одговорни и вредни луѓе, ништо не ни паднало од небо. Моето животно мото е дека човекот мора да биде борец во се, бидејќи само така може да успее, и мило ми е што тоа го пренесовме на нашиот Јован”, неодамна заклучила познатата пејачка.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *