Ибрахимовиќ се расплака поради едно прашање на прес-конференцијата (ВИДЕО)

Асот на Милан, Златан Ибрахимовиќ (39) во понеделникот се врати во шведската репрезентација, откако се опрости во 2016. година.

Ибра ќе и помогне на својата репрезентација во квалификацискиот циклус за СП во Катар, а потоа и на Европското првенство.

Новинарите на повратничката прес конференција го прашаа за семејството, а тој се расплака. Напаѓачот на Милан изјави дека му е жал што во Шведска не може да биде со семејството и децата, бидејќи екипата мора да биде во карантин поради натпреварите поради пандемијата.

-Не е добро прашањето кое го поставуваш. мојот син Винсент заплака кога заминував и го оставив. Но во ред е – изјави Златан низ солзи.

Потоа следеа фудбалските теми.

-Селекторот и јас знаеме што е најдобро за репрезентацијата и денес седам овде пред вас. Ако сум овде, тоа не е затоа што се викам Златан Ибрахимовиќ, туку затоа што заслужувам да бидам овде, изјави Златан па продолжи:

-Се што правев порано не значи ништо. Се чувствувам добро, сакам да бидам вклучен и се чувствувам дека се уште можам да дадам допринос за репрезентацијата. Јас сум само дел од сложувалката – и потоа заврши во свој стил:

-Доколку мене ме прашувате, јас сум најдобар на свет, но тоа овде не помага. Само сакам своето искуство да го ставам на располагање на екипата и му ветив на селекторот дека ќе бидам пресуден фактор. Тоа сега морам да го докажам на терен.

Златан е шведски рекордер по бројот на погодоци за националниот тим – 62 во 116 натпревари.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *