Идеална храна за јадење пред спиење, која нема да ви го поремети сонот

Мал оброк пред спиење може да биде здрав, па дури и да ви помогне полесно да заспиете и подобро да спиете, како и да ја поттикнете изградбата на мускули во текот на ноќта. Внимавајте да од таа причина бирате токму здрави намирници.

Поголемиот дел од нас се свесни дека не треба да се јаде пред спиење, бидејќи тоа во најмала рака може да го поремети нашиот сон.

Сепак, се случува да легнете, се покриете, се смирите, но не можете да заспиете бидејќи некој глас од вашиот стомак ви вели дека сте гладни. Не помагаат ниту неколку реченици добра книга, ниту пак интересно шоу на телевизија – едноставно, мора нешто да каснете.

“Малиот оброк пред спиење може да биде здрав, па дури и да помогне подобро да заспиете”, вели Тони Кастиљо, нутриционист од фирмата Nutrition for Performance.

Тој вели дека луѓето кои редовно вежбаат и се многу активни, можат да имаат корист од вечерниот оброк, бидејќи имено можат да ги надокнадат хранливите состојки кои се корисни за опоравување на мускулите во текот на спиењето.

Но, постојат намирници кои секако би требало да се избегнуваат, бидејќи можат да го пореметат вашиот сон. Тоа е пред се, храна која содржи многу шеќери и преработени јаглени хидрати, кои брзо се варат и го подигнуваат шеќерот во крвта, па можат да предизвикаат и наплив на енергија, вели Кастиљо.

Секако, избегнувајте многу зачинета храна, бидејќи таа може да предизвика враќање на киселини, па би можеле цела ноќ да останете будни поради проблеми со варењето на храната. Уште еден вообичаен прекинувач е чоколадото, бидејќи содржи многу масти и состојки кои можат да го пореметат процесот на варење.

Исто така, би требало да размислите и за тоа кога ќе го изедете тој оброк, така што тоа нема да му пречи на вашиот сон. Тоа зависи од лице до лице, но во поголемиот дел од случајте нема да биде токму непосредно пред спиење.

“Одредени можат нешто да изедат непосредно пред спиење и немаат проблеми со тоа. Други ќе мора да имаат минимум два часа пауза помеѓу јадењето и спиењето”, вели Кастиљо.

Кога еднаш ќе го пронајдете начинот кој ви одговара, можете да се придружувате се со цел да спречите понатамошни проблеми.
Каков треба да биде тој оброк?

Фокусирајте се на јаглени хидрати богати со влакна и протеини.

“Препорачувам протеини и јагленихидрати богати со влакна”, вели Кастиљо.

Примери за јаглени хидрати кои споро се варат се житарки, зоб, кафеав ориз, овошје и зеленчук. Протеините кои споро се варат го вклучуваат казеинот кој се наоѓа во млечните производи, како јогурт и сирење, а достапен е во облик на протеин во прав. Путер од кикирики исто така е корисно да се јаде пред спиење бидејќи содржи триптофан кој му помага на вашиот мозок и мускули да се опуштат.

Пример за здрави меѓуоброци пред спиење:

-Протеински напиток
-Путер од кикирики и леб одд цели житарки
-Грчки јогурт и шумско овошје
-Путер од бадеми и овошје

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *