Избран за најдобар слаткар на светот, неговите чоколади чинат и повеќе од 100 долари

„World Pastry Stars“, италијанска организација на готвачи од земји познати по кондиторските производи и чоколади, му ја додели титулата најдобар слаткар на светот на Белгиецот Пјер Марколини, со тоа зацврстувајќи ја белгиската репутација на врвен произведувач на овие слатки.

Марколини е познат по неговиот минималистички стил – неговите чоколади се продаваат како луксузни подароци, од кои некои чинат и повеќе од 100 долари. Неговите продавници се наоѓаат во многу земји, од Германија до Кина.

Својата прва продавница ја отворил во Брисел пред 25 години, а како што изјавил за „Reuters“, наградата ја гледа како потврда за неговиот „луд проект кој се обидува да го обнови, преобликува, промени, модернизира светот на слатки и светот на чоколадото“.

Пјер се надева дека чоколадото ќе им донесе на луѓето барем малку утеха во ова тешко време поради пандемијата на Ковид-19.

„Ние сме во мрачен период поради пандемијата. Мислам дека најдоброто нешто што можете да направите е да останете дома со плочка чоколадо, со кутија пралине“, вели тој.

Белгија може да се пофали со „чоколадниот занает“ кој датира од 1912 година, кога Жан Неухаус го смислил пралинето. Меѓутоа, во последните години, оваа земја се соочува со силна конкуренција од Канада до Малезија, каде своите производи ги пласираат како „белгиски стил“ или „според белгиски рецепт“.

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *