Излегоа нови докази за затворање на муслиманите: Кина собира податоци за нив до најситни детали

Базата на податоци која ја набавила организација “Human rights watch” (HRV) фрла ново светло на тоа како властите во регионот Синкјанг користат широка мрежа која следи поединци, нивните активности на интернет и во секојдневниот живот.

Од Кина повторно протекоа докази за наводното затворање на Ујгура, муслиманско етничко малцинство во провинцијата Синкјанг.

Во ова ретко протекување на документи од кинескиот принуден камп се наведува дека цел на владината програма е муслиманското малцинство поради престапи помеѓу кои се “бидејќи младите или разговарале со братот или сестрата кои живеат во иностранство”.

Списокот содржи детали за повеќе од 2.000 притвореници кои се држени во регионот Аксу помеѓу 2016 и 2018 година, а сите наводно биле затворени откако ги означила интегрираната заедничка оперативна платформа.

Тоа е масивна база на податоци кои комбинираат лични податоци собрани од автоматизиран мрежен надзор и информации кои службениците рачно ги внесуваат во посебна апликација, пишва Гардијан.

Содржи информации во распон од физички карактеристики на луѓе до боја на нивниот автомобил и нивните лични преференции да користат предна или задна врата за влез во домот, како и софтверот кој го користат на мрежата и редовните контакти.

-Листата на Аксу овозможува понатамошен увид во тоа како Кина врши бpyталнa репресија над муслиманите во Синкјанг – изјавила Маја Ванг, кинески истражувач од HRW.

Поголемиот дел од луѓето кои се на списокот се држени поради ненасилно однесување, но некои бидејќи “едноставно се означени од системот”, без дополнителни информации за тоа како властите ја донеле одлуката.

Однесувањето наведено како причина за притвор вклучува “општа недоверливост” и “роден после 1980тите”. Еден човек е изгледа задржан поради неплаќање на кирија, а друг поради пoлигамиjа.

Пекинг, во почетокот ги негирал постоењето на овие кампови но неодамна објави дека тие се витален дел од боpбата против екcтpемизмoт.

Деталите од списокот меѓутоа, покажуваат широка притворна мрежа.

Притвореничка именувана во извештајот како “госпоѓа Т” означена е поради “врска со чувствителни земји”, откако системот ја забележал дека примила четири повици од својата сестра која живеела во иностранство, бележејќи го нивното траење во минути и секунди.

Истражувачите од HRW разговарале со нејзината сестра како дел од нивните напори да ги верификуваат документите. Изјавила дека “госпоѓа Т” ја сослушувала полицијата околу семејство од иностранство во времето кога била притворена.

Од тогаш немало контакт помеѓу нив две, иако слушнала дека сестра и сега работи во фабрика со полно работно време, а дома и е дозволено да оди само за викенд. Таа се сомнева дека тоа било дел од програмата за присилна работа.

Досега протече и уште еден сличен документ, на почетокот на оваа година, кој покажал како властите пресудуваат кој ќе биде приведен.

Ова е само еден ов низата докази откако групите за очвечки права опишаа масовни злоупотреби на правата во Синкјанг вклучувајќи затворање на повеќе од милион луѓе во логори за превоспитување, присилна работа и масовна cтеpилизациjа на жени и ограничување на релгиијата, културата и јазикот како културен генoцид.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *