Измама на деценијата : Доктор во Индија платил 41.600 долари за „ламбата на Аладин“

Двајца мажи се уапсени во индиската држава Утар Прадеш за наводна измама на еден лекар, на кој му продале „Аладинова ламба“, за која му ветиле дека ќе му донесе богатство и здравје. Како дел од измамата, дури се преправиле дека повикуваат духови од ламбата, според приказната од „1001 ноќ“, пренесе Би-би-си, повикувајќи се на индиски медиуми. Измамниците наводно му барале на докторот над 200.000 долари за ламбата, но на крајот се договориле да му ја дадат за 41.600 долари. Третото, женско, осомничено лице е се уште на слобода. Лекарот, наводно, поднел жалба до локалната полиција во Мерут, западен Утар Прадеш.

Во жалбата, тој навел дека ги запознал двајцата мажи кога започнал да лекува жена, за која подоцна разбрал дека е нивна мајка. „ Постепено тие почнаа да ми раскажуваат за еден баба (кум) за кого тврдат дека исто така го посетил нивниот дом. Почнаа да ми го перат мозокот и ме замолија да се сретнам со овој баба”, рекол докторот, пренесува NDTV. Потоа, тој навистина се сретнал со бабата „која се чини дека изведува такви ритуали“. Измамениот доктор рекол дека „за време на една посета пред него навистина се појавил Аладин и дури подоцна сфатил дека еден од обвинетите се облекува како иконската личност.
.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *