Изненадувачки знаци кои покажуваат дека вашето куче е ЛУТО на вас

Верувале или не, и вашето куче може да ви се налути. Но, како да препознаете кога тоа е луто на вас?

Исто како и ние луѓето, така и вашето куче може да ви се налути. Тоа суштество нема да ја лупне вратата или да црка на вас, но секако дека ќе ви даде до знаење дека нешто не му одговара. Погледнете на кои начини кучето ви покажува дека е луто на вас.

Не постои домашно милениче со кое имаме поблиска врска. Не се вели со причина дека кучето е најдобар пријател на човекот.

Сигурно ви е познато дека неговото скокање, трчање, мавтање со опашката, тркалањето по подот, се знаци на среќа кога ќе ве види.

Меѓутоа, вашето куче може да има и лош ден кога ситници можат да го налутaт. На што треба да внимавате кога вашето куче е луто на вас?

Внимание: Некои од овие знаци не значат веднаш дека вашето куче е луто на вас. На пример, можат да значат и дека имаат болки.

Доколку подолго време се однесува чудно или расположеннието силно му се менува, тогаш дефинитивно треба да побарате помош од ветеринар.

Спуштени уши

Положбата на ушите на кучето го открива неговото расположение. Доколку ушите му се спуштени, тоа сака да ви каже дека нешто што го правите не му се допаѓа или прави да се чувствува непријатно. Меѓутоа, спуштените уши можат да бидат и знак на подреденост или страв. Секогаш дополнително внимавајте на други знаци на телото на својот миленик.

Кучето мокри на твои работи

Си направил нешто кое не му се допаѓа на вашето куче? Без грижа – ќе ви даде до знаење. Имено, твоето куче добро знае кои се твоите омилени чевли – па ќе се измокри на нив или ќе ги изгриза. Меѓутоа, пред да се налутишш, погледнете дали твоето милениче има доволно свои играчки (на кои иначе ќе може да се издува).

Го врти погледот од тебе

Доколку некоја личност е лута на тебе, веројатно нема да сака да ве гледа и ќе си го сврти погледот. Вашето куче ќе погледне во страна доколку се обидеш да го погледнеш во очи. Така кучињата го покажуваат своето незадоволство. Обидете се мирно и тивко да разговарате со нив. А ссигурно ќе помогне и неговата омилена храна и малку мазење.

Тврдоглав е

На секој од нас му е сигурно познато – одеднаш кучето повеќе не те слуша. Ја игнорира секоја твоја наредба. Изгледа како да сака да ти каже – можам да те слушнам, но сега сум лут на тебе и едноставно ќе те игнорирам! Пред да се налутите на вашето куче, обидете се мирно да ја опуштите ситуацијата. Воглавно брзо ќе му помине и ќе ви покаже колку ве сака.

Мирно стои

Доколку вашето куче е навистина луто, тоа ќе се укочи и нема да се поместува од место. Бидете внимателни. Внимавајте на неговите уши и погледот. Вашето куче ви сигнализира – остави ме на мира и немој да ми се приближуваш. Најдобро е да му дадете слободен простор за ситуацијата да се заврши како што треба.

Ускратува љубов

Вашето милениче точно знае како ќе ви покаже кога не е башш најсреќен со вас. Доколку бега од вас, држи растојание или се трга кога ќе посакате да го галите, можете да бидете сигурни дека нешто не е во ред. Она што никако нема да ви помогне: немојте да трчате по него, секогаш ќе биде побрз од вас. Седете и чекајте додека не биде подготвен на помирување – тешко дека долго време ќе издржи без да го галите.

Ржи

Појасни неможе да биде. Доколку вашето куче ржи на вас, тогаш треба да престанете да го правите она што го правите. Освен тоа, не смеете да го казните, бидејќи со своето однесување покажува дека му е многу непријатно. Доколку имате чувство дека тој така често се однесува – советувајте се со дресер за кучиња.

Бес

Одеднаш се однесува како диво куче. За овие епизоди да бидат се поретки, обидете се да го држите подалеку од стрес и овозможете му слободен простор. Меѓутоа, доколку ниту ова не помага, побарајте помош од професионален тренер за кучиња.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *