Илија Димовски: Има ли бре еден да седне да му објасни на Заев?

Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација”, тогаш тоа нив ги прави „терористи” и убијци”, а не ослободители, ова е по меѓународно право, реагира на Фејсбук Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ по интерјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС кое предизвика многу реакции од граѓаните и од стручната јавност.

Во продолжение статусот на Димовски:

„Да не правиш разлика меѓу дијалект и јазик е страшно… Но да не правиш разлика помеѓу бугарски и македонски дијалекти е уште пострашно… Во Струмица и Петрич се зборува исто (слично), ДА, но на ист дијалект… кој е дијалект во/на македонскиот јазик…

Ама и во Делчево и Благоевград (Горна Џумаја) се зборува исто (слично), на ист дијалект, но различен од првиот, оној од Струмица и Петрич… а, пак дијалект од македонскиот јазик…

Ама и во Гевгелија и Гуменџа се зборува исто (слично), на ист дијалект, ама различен од првите два дијалекти… и пак дијалект на македонскиот јазик…Ама и во Битола и Лерин се зборува исто (слично), на ист дијалект, ама различно од Струмица и Петрич… Ама и во Дебар и Голо Брдо, исто така…

Па и во Ресен и Пустец, исто така…Ама па и во Гоце Делчев (Неврокооп) и Драма се зборува на ист дијалект, а различен од првиот… и тој дијалект на македонскиот јазик…

Во македонскиот јазик има многу дијалекти, но е еден јазик…

Ова е наука бре, од Пулевски и Мисирков, преку Васил Иљоски и Антон Панов, преку Кочо Рацин и Коле Неделковски, до Шоптрајанов, Конески и Кепески…Има ли бре еден да седне да му објасни?

Ќе му преќутите ли пак?
Лилјана Поповска?
Ирена Стефоска?
Илинка Митрева?
Људмил Спасов?
Никола Димитров?
Стево Пендаровски?

П.С. Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација”, тогаш тоа нив ги прави “терористи” и “убијци”, а не ослободители… ова по меѓународно право…“, пишува Димовски.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *