Имала 127 кг, а ослабела 50 за помалку од година дена: “Изгубив контрола, ми беше срам”

-Во текот на денот јадев грицки, чипсови и чоколада, а наместо вода пиев сокови – искрено зборува оваа медицинска сестра и додава дека внесот на калории на дневно ниво изнесувал од 3.500 до 4.000.

Младата медицинска сестра, мајка на две деца, Рахаел Далтон од Квинсленд во еден момент од својот живот имала дури 127 килограми. Младата жена до оваа бројка стигнала бидејќи дневно внесувала и до 4.000 калории. Сепак, одлучила својот живот во целост да го промени, што на крајот и и успеало, па за година дена ослабела дури 50 килограми.

Рахаел се хранела прилично нездраво, но и количините на храна биле промлематични, нејзините оброци се состоеле од сокови, газирани пијалоци и големи порции храна.

-Чувствував дека губат контрола и започна да ми биде срам – изјавила таа за Дејли Мејл.

Одлучна да еднаш засекогаш ги изгуби вишокот килограми, Рахаел во целост го променила начинот на живот и исхраната за помалку од 12 месеци. Како што самата наведува, пред целата трансформација едвај можела да вежба, а со вишокот килограми се борела речиси целиот свој живот.

-Речиси 20 години се борев со диетите и јојо ефектот. Имав лош однос кон храната и кон своето тело уште од својата дванаеста година – раскажала таа.

-Додека бев дете и тинејџер, помалку или повеќе се занимавав со спорт, но после првото породување престанав да водам грижа за себе. Јадев се што ќе ми дојде при рака. Имав многу стресен начин на живот, се занемарив себе си и тоа ме доведе до прекумерна килажа. Постојано се убедував дека би требало да се откажам од многу работи за да бидам добра мајка – изјавила оваа жена.

Внесував и до 4.000 калории дневно

Како што признава, за појадок попрво би изела неколку сендвичи, или би се изгладнувала до пладне, па би изела дури и колачи.

За ручек, како што вели, јадела остатоци од вечерата од претходниот ден и пиела газирани пијалоци, а за вечера би изела голема порција месо и зеленчук.

-Во текот на денот би јадела грицки, чипсови и чоколадо, а наместо вода пиев сокови – искрено раскажува Рахаел и додава дека внесот на калории на дневно ниво изнесувал од 3.500 до 4.000.

Вишок кожа на стомакот

Бидејќи изгубила голем број килограми, Рахаел се соочила со проблемот како вишок кожа на стомакот, па поради тоа морала да замине на операција.

-Заминав на операција и конечно ставив точка на тој период од мојот живот. Период кој ме научи дека сум доволно силна и способна успешно да ја достигнам целта, со помош на напорна работа – објаснува таа.

Како сега се храни?

За појадок Рахаел сега јаде протеинска каша со боровинки или јајце со тост, леб и салата како спанаќ, чери домати или авокадо.

За прва ужина јаде овошје или зеленчук со чаша јогурт, или неколку крекери и парче сирење.

За ручек јаде пилешко со зеленчук, а како втора ужина јаде сендвич со немасна шунка или истото што и за првата ужина.

Кога е во прашање вечерата, таа јаде оброк од месо и зеленук, а за десерт јаде неколку коцки црно чоколадо или малку сладолед.

Како што вели, килажата ја спречувала да функционира и на работа, имајќи во предвид дека работи како медицинска сестра. А, додава и дека се уморувала повеќе отколку нејзините колеги. На промената се одлучила после второто породување бидејќи како што признава се почувствувла уморно и се и било пренапорно да го работи.

-Сакав да станам добар пример за своите деца – вели Рахаел која за 12 месеци успеала да ослабе 50 килограми на целосно природен начин и без откажувања.

-И понатаму јадам се, но сега сум свесна како храната влијае на моето тело – вели таа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *