“Има 21 година, завршил средно, не работи ништо, заработува стотици илјади евра и вози златно порше”

Момчето кое флекса на социјалните мрежи, гостуваше во Утринската програма на Хепи телевизија.

Никола Кељановиќ, е момчето кое за кратко време ја крена на нозе српската јавност.

Има само 21 година, не работи ништо, но вози златно Порше, кое неодамна го удрил во населбата Нов Белград.

После сообраќајката, ова истетовирано момче иронично порача “Ќе ме уб ие тато”, а потоа го сними своето удрено Порше со коментар “Ќе биде подобро”.

Тој сега гостуваше во Утринската програма на Хепи телевизија, каде одговараше на прашања за бојата, цената, девојка која “не смее да праша каде бил и што правел”, ја налути Весна Да Винчи која беше во студиото.

Тој откри дека Поршето е златно поради “хром фолија која е дозволена само во Дубаи, Америка, Турција и Србија”, но и дека после сообраќајката прво објавил на Инстаграм, па потоа повикал шлеп сллужба.

Во студиото беа и Мирољуб Петрович – “под мач бато”, но и Весна Да Винчи која Никола ја налути кога изјавил дека “нема работа и промовира неработа”, но и дека заработува од социјалните мрежи.

“Колку следачи имаш на Инстаграм?”, го запраша таа, а кога Никола одговори “150.000”, таа изјавила дека тоa e “ништо и дека не и е јасно како може да заработува со толку мал број следачи”.

“Тоа воопшто не е некоја бројка, 150.000! Па јас имам една мисица која има 700.000″, изјавила таа.

Кељановиќ потоа открил дека има завршено само средно училиште, дека татко му има градежна фирма во Германија, а професијата на својата мајка не ја откри бидејќи е на висока позиција”.

Потоа уште еднаш ја налути кога изјавил дека има девојка “но не смее да праша каде бил и што правел, бидејќи мора да знае кој е главен и кој заработува пари”.

Тогаш Весна полуде и изјави “Ох, промоција на мачизмот”.

Погледнете го видеото во продолжение:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *