Има 24 години и вози автобус. Ми велат дека сум преубава за оваа работа (ФОТО)

Џорди Ли Фокс има 24 години и по професија е професионален возач на автобус во Велика Британија, а благодарение на својот изглед, но и професијата која руши стеретоипи стана хит на социјалните мрежи.

Џорди со оваа работа започнала да се занимава пред три години и признава дека патниците редовни и велат дека е “преубава за оваа работа”.

“Кога мажите ќе влезат во автобус, секогаш добивам реакција од типот: “Колку си убава” или “Никогаш во животот не сум видел толку прекрасен возач на автобус”, вели Џоди.

“Луѓето зборуваат дека сум преубава за да бидам возач на автобус, но добивам и прекрасни коментари од други жени кои редовно ми ги фалат ноктите, фризурата или шминката”, открила таа.

Кога на ТикТок започанала да споделува снимки за својата работа привлекла огромен број на следачи, но сепак нејзиниот ТикТок во моментов е деактивиран.

“И порано објавував снимки, но не во работна униформа. Дури кога објавив дека сум возач на автобус, луѓето полудеа”, раскажа оваа Британка која пред тоа работела како негувателка.

Паралелно на популарноста на социјалните мрежи, Џоди вели дека не планира да ја напушти работата и дека ќе вози автобуси додека не замине во пензија.

Кое е вашето мислење?

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *