Имено и презимето ја одредуваат вашата судбина – еве како да ја прочитате

Доколку сакате да знаете каква судбина сте добиле од вашето име и презиме според нумерологијата, соберете ги нумеричките вредности на секоја буква на името и презимето според таблицата подолу.

Пример: Татјана Анѓелиќ

8+1+8+5+1+1+1+1+1+8+9+7+4+5=60=6+0=6

Број 1

Личностите со овој број ја засноваат својата љубов на рационалност и силна интелектуална основа. Тие се големи индивидуалисти, имаат разновидни интереси. Тешко е да ги задоволите. Очекуваат покорност и послужност кај нив предизвика одбивност. Доколку сакате врската или бракот со ваква личност да успее, морате да внесувате што повеќе новитети, бидејќи тие се подготвени на не.верство во моменти на досада или кога ќе се почувствуваат дека нивната слобода е загрозена.

Број 2

Многу се прибирливи во изборот на партнер. Обожаваат паметни и практични луѓе, интелигентни и способни. Материјалисти се и попрво ќе се одлучат за личност која може да им обезбеди удобен живот. Тие имаат благ карактер и е невозможно да се скарате со нив. Доколку тие искрено ве сакаат, знаат да бидат многу верни.

Број 3

Овие личности пред се сакаат искрени и вистинско другарство. Дури тоа кога ќе го почувствуваат, се впуштаат во љубовна или брачна врска. За својата љубов често велат дека се другари. нивната љубов е заснована на почит и целосна доверба кон саканата личност. Сите проблеми се решаваат низ отворени и искрени разговори.

Број 4

Обожаваат долги и стабилни врски. Обожаваат брак и често го склопуваат. Но, често и грешаваат во изборот на партнерот. Во љубовта не знаат да фантазираат и помалку се досадни за личностите кои се активни и расположени за секакви авантури. За нив мирниот живот и стабилната врска се единствена животна цел. Тогаш се верни, послушни и подготвени на секој компромис, само за врската да остане во грницата на конвенционалноста.

Број 5

Љубовта за цел живот е нивната најискрена желба. Тие го почитуваат семејството и бракот. Секоја лага длабоко ги погодува и тешко се опоравуваат од нив. Тогаш им треба сила да влезат во нова врска. Единствената права смисла за животот за нив е постоењето на љубовта. Кога ја немаат, тие како и да не живеат.

Број 6

Колебливи се и склони кон промени. Не се за постојано и долготрајна врска. Тие се во постојано потрага по партнер. Чувствителни се и нежни. Но, доколку некоја врска ја крунисаат со брак, не се искрено среќни и задоволни, бидејќи и тогаш, ќе бараат други врски. Вистинската љубов и солидниот брак можат да го остварат дури во доцните години.

Број 7

Нивниот живот е исполнет со бројни љубовни врски. Уживаат во авантури и флертови. Дури и повеќе бракови за нив е сосем океј. Навикнати се на разделувања, но и на нови состаноци. Сметаат дека сето тоа е нормално и пожелно. На животот и љубовта и пристапуваат многу активно и постојано се во потрага за нови партнери.

Број 8

Овој број симболизира промена и патувања. Нивниот љубовен живот има немирен дух. имаат многу љубовни врски, а не е исклучени да можат да имаат и повеќе бракови. Желбата за разноликост и постојано одложување на сериозните животни прашања е присутна целиот нивен живот. За некоја подолга врска се одлучуваат после триесетите.

Број 9

Овие личности во младоста тежат кон врска со постар партнер, додека во некои сериозни години можат да ги привлекуваат и помлади лица. Секогаш се во некои спротиставености, а нив ништо не е типично. Често доживуваат разочарувања, но тоа не остава лоша трага на нив, тие и понатаму продолжуваат да трагаат за нови врски и возбуди.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *