Испаничени и затечени, Македонци сведочат за терористичкиот напад во Виена: Келнерите се растрчаа и викаа ‘влегувајте внатре’

Потресни сведоштва на Македонци кои живеат во Виена кои раскажуваат  каде биле за време на грозоморниот терористички напад кој се случи на 2-ри ноември, како се чувствувале и што се случува сега таму.  На 2-ри ноември во Виена се случи грозоморен терористички напад со пукотници од автоматско оружје на 6 локации низ градот.

Овој понеделник во Виена никој не замислуваше дека ќе заврши така трагично. Луѓето се подготвуваа за полициски час кој започна од полноќ и ги користеа последните вечерни часови на „слобода“, кога почнале да одекнуваат пукотници со автоматско оружје.
Нападот започнал околу 20 часот, во близина на главната синагога во Виена, која била затворена, а градоначалникот на Виена вели дека луѓето биле стрелани „рандом“, додека шетале по улица, вечерале или пиеле пијалаци во барови и ресторани.

Според извештаите, биле нападнати 6 локации во центарот на Виена, а според властите се верува дека биле повеќе напаѓачи, кои биле професионално обучени и добро подготвени за нападот.

Досега 15 лица се повредени и 4 лица ги изгубија животите, а помеѓу нив е и еден од напаѓачите, кој бил убиен од полицијата во меѓусебна престрелка.
Полицијата на Виена изјави дека специјалните единици влегле во станот на еден од напаѓачите со помош на експлозив и го претресувале. Во полицијата пристигнале и повеќе од 20.000 видеа од луѓе кои биле на местата на нападите и истите ги анализира тим од 35 членови.
Луѓето кои се нашле на местата на нападите преживеале голема траума, раскажуваат дека ги затворале во угостителските објекти со цел да се спасат, биле растрчани на сите страни по улиците додека да најдат засолниште, легнувале по земја за да избегнат куршум и владеел вистински хаос.

Оние пак, кои требало да одат некаде, а сепак случајно останале дома, се благодарни што судбината ги поштедила да доживеат таков терор на лице место, но од домовите ги слушале пукотниците, сирените од полицијата и престрелката помеѓу полицијата и терористите.
Утрово, училиштата се затворени, а властите побараа од граѓаните да останат во своите домови доколку се во можност, или барем да го избегнуваат центарот на градот, како и јавниот превоз, додека полицијата ги бара потенцијалните напаѓачи.

Според Македонец кој живее во Виена, денес полицијата уште е во потрага по еден од напаѓачите низ градот, а предупредувањето е проширено со нагласување дека можно е повторно да има напад во кој било дел на Виена.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *