Исповед на астронаутот Ногучи од вселената: Ми пречи гужвата во вселената, премногу е тесно, но има и поголем проблем

Тој е член на екипата од седум членови на вселенската станица, во сопственост на американската компанија СпејсИкс.

Јапонскиот астроунаут Шјоичи Ногучи секој ден му ѕвони на своето семејство во Јапонија да ги праша како се. Ногучи вели дека ѕвони од Меѓународната вселенска станица, на која пристигнал околу 20. ноември, а на која треба да престојува следните шест месеци.

Ногучи објаснил дека има многу мажи во Јапонија, кои фирмите ги преместува во друг град по потреба, понекогаш и на повеќе години, а семејството им останува во матичниот град. Таквите луѓе се осамени и му ѕвонат на семејството секојдневно од своите самечки хотели, изнајмени станови, бидејќи им недостасуваат семејствата, а и тие им недостасуваат на членовите на семејството.

Јас токму така се чувствувам, и ѕвонам редовно, иако сум многу подалеку од дома за разлика од моите колеги во Јапонија, објаснува тој.

Тој е член на екипата од седум членови на вселенската станица, во сопственост на американската компанија СпејсИкс, а ова му е трет престој во вселената за последната деценија.

Ногучи вели дека на станицата им е малку тесно, бидејќи е пренаселена – има само 6 лежаи, а после доаѓањето на групата од нови четири членови, помеѓу кои е и Ногучи, ги има вкупно седуммина.

Лидерот на екипата американецот Џон Хопкинс, спие во остава за карго, бидејќи нема седми лежаи.

Јапонецот, кој е навикнат на животот во мали простори, тврди дека животот во вселенската станица е уште потежок отколку животот во Јапонија, бидејќи во толку мал простор, членовите на екипата мораат многу да внимаваат да не се судрат додека се движат по вселенската станица.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *