Исповед на девојка чија фотографија завршила на Телеграм: Не смеев да излезам на улица од страв

-Во групите се однесуваат како да се на пазар: нудат фотографии од девојки, нивните броеви, како и цената – раскажува млада девојка од Ниш, чија фотографија е објавена на оваа апликација.

На апликацијата Телеграм со месеци, па дури и со години, постојат групи на мажи кои меѓусебно разменуваат фотки од девојки, од кои за тоа не добиле никакво одобрување. Покрај тоа, ги објавуваат и нивните броеви на телефони, а понекогаш и адресите каде што живеат. Во последниве денови, социјалните мрежи разговараат за групата Балканска соба (слично на Јавна соба) која брои 36.000 мажи, а помеѓу девојки на една од тие групи е и И.П (20) девојка од Ниш, која за Телеграм раскажа за своето лошо искуство.

Како што на самиот почеток изјавила, на Инстаграм профилот објавила своја фотографија на која, секако е најпристојно облечена, но која исто така можело да се карактеризира како про.во.ка.тивна.

-Имав кошула на таа фотографија, но се виде тетоважата која ја имам помеѓу гра.дите. Мојот профил е заклучен, па можеа да ја видат само луѓето кои ме следат. Тоа се случи во септември минатата година, и тие денови започнаа да ми стигнуваат бројни барања од луѓе кои не ги познавам, а некои се и со лажни профили. Сето тоа ми беше чудно, па се распрашував кај своите другари кој би можел да биде тоа. Еден од нив ми рече дека видел моја фотографија на Телеграм и ми објасни како функционираат тие групи.

После тоа сознание, оваа млада девојка од Ниш влегла во една од тие Телеграм групи и најпрво не пронашла ништо, за после месец дена или два повторно на Инстаграм да и пристигнуваат барања од непознати мажи. Својата фотографија на крајот на пронашла на сајт за во.зрас.ни.

Во тие моменти, чувството е катастрофално. Се плашев да излезам од домот, мислев дека тоа е тоа. Коментарите после тоа беа лоши, но уште полошо е што добивав пораки со понуди и барања, дали сум слободна за комбинација, дали се уште праќам фотографии – раскажува 20 годишната девојка.

Како што вели, кога влегла во групата, имала впечаток како да е на пазар.

-Тоа изгледа како каталог со производи, имиња, броеви, адреси, цени. Како што вели, таму видела фотки од девојки кои ги познава од видувања.

-На крај, зажалив што објавив таква фотографија. Затоа би ги посоветувала девојки да внимаваат што прават, на кој му испраќаат таква содржина и пред се – на оние кои им веруваат, како и да ги пријават овие случаеви поврзани со Телеграм, порачува 20 годишната девојка.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *