Исповед на Ким Кардашијан: Јас сум ужасна мајка, ја слушам ќерка ми како плаче, но не ме интересира

“Бидејќи Кање сега беше во изолација, воглавно во нашата спална соба, сите обврски паднаа на мене. Бев постојано опкружена со децата. Тоа на почетокот ме правеше весела, а на крајот ме исцрпе”, призна познатата ријалити ѕвезда.

Ким Кардашијан во едно од полседните интервјуа открила како изгледа нејзиниот живот во карантин и како излегува на крај со обврските и децата. Ријалити ѕвездата призна дека последните месеци за неа се неиздржливи. Имено, поради карантинот морала да паузира со патувањата и работата, а секојдневната грижа околу децата ја исцрпува.

“Бидејќи Кање сега беше во изолација, воглавно во нашата спална соба, сите обврски требаше јас лично да ги завршам. Постојано бев со децата. Тоа на почетокот ме правеше среќна, но на крајот ме исцрпи. Кога ќе слушнам како ерка ми плае во другата просторија, јас воопшто не ни ја погледнувам”, откри Ким и додаде дека се чувствува како ужасна мајка.

“Знам дека многумина поминуваат низ истото, и дури сега ги сфаќам. Сега сум дефинитивно сигурна дека треба да успорам и да бидам помалку критична кон себе. Понекогаш треба и самата да си удоволам. Една работа ја сфатив, доколку некогаш сум помислувала да имам пето дете, сега сум сигурна дека тоа не го сакам”, заклучила таа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *