Исповед на нашинци кои работеле на Алјаска: Во три месеца заработувам колку во Македонија за две години

Ладната и изолирана Алјаска не е ниту една од дестинациите на кои со задоволство би заминале, освен ако не сте љубители на студената и неистражена природа на прекрасната Алјаска.

Но, доколку една причина успее да ве исмами да помислите на ова парче земја во состав на САД, тоа се дефинитвно парите кои таму можете да ги заработите.

Сместувањето е евтино, а вашите можности за трошење на вашите тешко заработени пари се ограничени, така што ќе ви останува прилично голем дел од парите кои ќе ги заработите со оглед на тоа што некои од работниците добиваат и бесплатни оброци.

Но, ова место е одлична дестинација и за Македонците, а еден од нив вели дека за само три месеца, можете да заработите колку во Македонија за две до три години.

Не му пречи што работи и по 16 часа дневно, чистејќи риба, од која му се укочиле прстите, рбетот и нозете, стоејќи во ледените фабрики, каде што не се знае за одмор. На Алјаска, кое е популарно место за сезонска работа, луѓето заработуваат пари кои во Македонија не би ги заработиле ниту за две години.

Но, Алјаска има и прекрасна страна. Природата е навистина волшебна. Магична. Прекрасни предели со величенствени глетки од кои дефинитивно ви се одзема здивот, недопрена природата каква што тешко можете да видите на друго место, прекрасни зајдисонца и изгрејсонца.

Специфично е што во текот на летото, денот трае подолго од 20 часа, дури околу полноќ сонцето заоѓа и тоа е навистина неверојатно.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *