Исповед на поранешната девојка на Роналдо: Откри детали, но и како се однесува Роналдо во приватниот живот

Португалецот отсекогаш бил познат како голем заводник.

Кога и да им затреба некоја пикантна приказна, италијанските медиуми се потсетуваат на љубовните врски на Кристијано Роналдо.

Португалецот веќе подолго време е во стабилна врска со Џорџина Родригез, но на почетокот на фудбалската кариера имаше неколку многу бурни врски со припадници на поубавиот пол.

Своевремено беше и со прекрасната русинка Ирина Шајк, но пред тоа, додека беше играч на Манчестер Јунајтед, се забавуваше со ѕвездата од италијанската естрада, Рафаела Фико, сега 32 годишна убавица.

Италијанката гостувајќи во емисијата Тики Така, изнела досега непознати детали.

-Роналдо и јас бевме во врска неколку месеци. Тој беше љубезен и внимателен, без разлика дали беше тоа помеѓу луѓе или кога сме сами. Вистински џентлмен. Искрено, јас тогаш не знаев кој е тој, бев 21 годишна девојка.

Кристијано Роналдо иначе, одлепил по неа откако ја запознал на еден концерт во Лисабон. Кога новинарите го откриле тоа, таа во 2010 година по тој повод призна:

-Веднаш му се допаднав и започна да ми се додворува. Во последните неколку месеци добив сигурно 1.000 смс пораки од него. Тоа е се што ќе кажам бидејќи не барам публицитет и сметам дек мојот однос со него мора да остане приватна работа. ме праша дали би можела да патувам со него во Јужна Африка (на Светско првенство) бидејќи сака да бидам со него. Ќе видиме – мистериозно одговорила манекенката. Во меѓувреме, нивната врска завршила, а Рафаела Фико влегла од нова во нова, менувала познати мажи, за на крај со Марио Балотели да го добие своето прво дете.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *