Исповед на човек кој му правеле лоботомија: Операцијата траеше 8 ипол часа, бев буден и врзан целото време

Маж од Велика Британија и ден денес не знае што тој е избран за оваа процедура.

Дерек Хачинсон е роден во 1946. година. Изразнал во близина на Керкстол во Лидс. Имал тешко детство со татко кој бил заварувач и боксер и мајка која била алкоколичарка. Понекогаш го заклучувала Дерек преку ноќ во котларницата која ја имале во домот, па секогаш барал начин да се отргне од таквиот семеен живот и често упаѓал во проблеми со други деца.

-Кога имав 10 години, уште едно момче и јас завршивме на суд откако се шегувавме на кровот на музејот. Мојата мајка призна дека повеќе не може да води грижа за мене, па ме испрати во училиштето Нисворт Хол, која беше установа за деца кои правеле прекршоци или биле надвор од родителски надзор, но се сметани за “неверојатни интелигентни”. Подоцна бев исфрлен проади лошо однесување, но продолжив така и завршив во поправен дом – изјавува Хачинсон за Гардијан.

Првата сопруга, медицинска сестра, ја запознав после сообраќајка. Се венчавме во 1967. година и добивме три деца. Меѓутоа, кога имал 27 години, една ноќ му се јавила неподнослива главоболка која го однела на доктор.

-Следното што знаев, беше дека ме носат во локална психијатриска болница Хај Роудс. ме примија, а што се однесува до мене, немав никакви ментални проблеми. Бев таму месец дена, ми даваа психотропни лекови и имав осум сесии со електроконвулзивни терапии. Се чувствував лошо – објаснува Дерек.

Доктор Џон Тод, психијатар, му рекол дека можат да му направат мала операција која би ја скротила неговата акресија.

-Ме праша: “Дали сте размислувале за тоа дека би можеле да повредите некое од своите деца?” и ми се вклучи алармот во глава. Се испостави дека тоа е лоботомија. Се чувствував немоќно да го спречам. Бев во несвест во текот на првата фаза од операцијата, која подразбираше повлекување на кожата на челото и бушење на две мали дупки во черепот пред во нив да бидат вметнати пластични топчиња – раскажува тој.

Откако видела што направиле докторите, неговата тогашна сопруга не дала дозвола за втора фаза, која подразбирала вметнување на електроди во хипоталамусот.

-Неврохирургот Артур Вол ја посети мојата мајка доцна навечер за да ја праша за дозвола, а бидејќи беше постојано под дејство, не знаела што потпишува. Во текот на операцијата од осум ипол часа јас бев буден, врзн. Морав да ги држам очите отворени за да можат да ги следат моите зеници. Сакаа да видат како ќе реагирам кога ќе пуштат струја низ мозокот. Беше неподносливо, мислев дека ми дојде крајот. Доктор Вол ми се приближи и рече: “А јас мислев дека ти си тврд човек”, сведочи тој.

Девет дена после операцијата тој е отупштен од болница, а пластичните топчиња му ѕиркале од челото.

-Се вратив две години подоцна да ги отстрана и повторно го сретнав доктор Тод. Го мразев и секој пат кога ќе го видев, сакав да го нема. Никогаш нема да дознаам зошто ме избраа мене за проедурата. Вол се обидувал да “излечи” нацилство и мислам дека ме зибра затоа што бев боксер и поради моите претходни истории. Години подоцна, добив своја медицинска документација и пронајдов писмо од Тод, упатено кон Вол, во кој пишувало дека би бил погоден за операција на хипоталамусот, бидејќи “не сум имал никакви психички абнормалности”, сведочи Дерек.

Двајцата лекари во меѓувреме починале, а ваквата постапка е изведена само неколку пати во Велика Британија.

-Ги прашав локалните власти и тие во мое име го исконтактираа Министерството за здравство. Никогаш не ми е понудена финансиска надокнада. Се уште не можам да ја сложам сложувалката од целото искуство. Во еден момент добивав флешбекови од операцијата по 12 пати на ден. Долго ми требаше да ми дијагностицираат ПТСП. Тоа е нешто кое се уште влијае на мене. Не можам да одам далеку, нервозен сум и имам неправилен ритам на спиење – објаснува Хачинсон.

Сегашната сопруга ја зазпознал во кафуле и заедно се веќе 38 години.

-Не знам што би правел без неа. Дури и сега секоја вечер имаме состаноци со прекрасна вечера дома. Имаме седум деца и дури правнуче на пат. Сакам да поминувам време со нив и ги чувам сите играчи за да можам да си играм со нив. Се уште имам смисла за хумор, бидејќи што друго ми преостанува, заклучува Дерек.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *