Исповед на ќерката на Џеј: И понатаму сум на лекови, многу сум тажна и лута

Ќерката на Џеј и понатаму е на лекови: “Не знам што ќе правам. Мојот живот нема смисла без тато! И тажна сум, и лута”.

Таа е горда што токму она е негова ќерка.

Марија Рамадановски, помладата наследничка на покојниот пејач Џеј Рамадановски, неутешна е поради изненадното заминување на нејзиниот татко.

Лошо се чувствува поради семејната тратедија, и мора да користи медицинска помош.

“И понатаму пијам лекови за смирување. Верувајте ми дека не знам што ќе правам, мојот живот без тато нема никаква смисла. Тој ми беше се. Ми се мешаат чувствата, некоаш сум тажна, некогаш лута поради тоа што го нема. Сакам да бидам со него. Горда сум што сум негова ќерка. Среќна сум бидејќи од него го наследив талентот за пеење”, изјавила Марија за српските медиуми.

“Повеќе бев врзана за него, отколку за мајка ми со која живеев. Веројатно затоа што секогаш ми недостасуваше”, додаде таа.
Марија откри и дека нејзиниот татко многу се мачел за да го обезбеди своето семејство.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *