Историско откритие: Пронајдени 2000 години стари делови од библиски пергамент

Израел во вторникот објави дека на југот на Јудејската пустина се пронајдени делови од 2000 години стар библиски пергамент, нарекувајќи го тоа откритие историско и едно од најважните од пронаоѓањето на Кумранските списи или седумте свитоци откриени во Кхиберт Курман во близина на Мртвото море.

“За прв пат после отрпилика 60 години, благодарение на археолошки ископувања, откриени се делови од библиски пергамент” стој во соопштението на Израелската управа за антиквитети.

Делови од ракописот, напишани на грчки, според зборовите на израелските археолози овозможиле реконструкција на делови од Стариот завет, поточно од Книгата на пророкот Захарија и Книгата на пророкот Наум.

Тие се пронајдени во текот на археолошки ископувања во пештера во природниот резерват Нахал Хевера, во склоп на акцијата покрената на државно ниво чија цел беше борбата против пустошење на националното културно богатство.

Користеле и беспилотни летала

За успешно да ја изведат операцијата, која се протегала и на дел од Јудејската пустина сместена на Западниот брег, палестинска територија која Израел ја заземал во 1967 година. Агенцијата на археолозите им ставила на располагање и беспилотни летала и опрема која ја користеле алпинисти, посебно јажиња за спуштање.

Освен делови од пергаментот, археолозите откриле и ретки парчиња кои датираат од периодот на еврејското востание Бара Кохб против властите на римскиот цар Хардијан (132-136. нова ера), но и мумифициран детски костур во платно стар околу 6.000 години, како и корпа која датира од периодот пред 10.500 години.

Агенцијата проценува дека тоа е веројатно најстарата корпа на светот.

70 години од откритието на Свитоците од Мртвото море

Израел Хасон, директор на Израелската управа а антиквитети, која пронајдените предмети ги проучува во својата лабораторија сместена во ерусалемскиот Музеј Израел, вели дека целта на оваа иницијатива, покрената во 2017 година е да спаси ретко и значајно национално богатство од пустошење.

Од откритието на Свитоците од Мртвото море пред повеќе од 70 години во кумранските пештери, камените пештери на Јудејската пустина станале честа мета на кра.дци.

Тие 900 ракописи се сметаат за едни од најважните археолошки наоди на сите времиња бидејќи содржат верски текстови на хебрејски, арамејски и грчки, како и најстарата позната верзија од Стариот завет.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *