Истрагата на СЗО во Вухан откри важни информации за вирусот: Тој не потекнува од лабораторија, туку од ова место?

За потсетување, Ембарек го предводел тимот на СЗО кој во Вухан поминал четири недели во намера да го открие потеклото на коpонавирусот.

Челникот на Светската здравствена организација Питер Бен Ембарек изјавил денес дека доказите упатуваат дека станува збор за природна појава, спротивно на шпекулациите на некои експерти дека инфекцијата настанала во лабораторија.

Тој на конференција за медиумите на која се претставени резултатите од истрагата на СЗо истакнал дека тимот работи на идентификување на потеклото, а и дека насоката на истражувањето оди кон природните носители и слични инфекции помеѓу популацијата на лилјаци.

-Вухан не е околина која е близу такво опркужување, а директниот скок на вирусот од лилјаците на тој град е малку веројатен – истакнал Ембарек на конференција за медиумите.

Овој експерт наведува дека неговиот тим има потенцијални докази кои се однесуваат на други видови на животни и истакнал дека тој процес е се уште во тек.

Колку за потсетување, Ембарек го предодува тимот на СЗО кој во Вухан помина речиси четири недели во намера да го открие потеклото на вирусот.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *