Исчистете го фрижидерот брзо и лесно, погледнете како

Ова е најдо брото решение за брзо чистење на фрижидерот.

За да не мора да го чистите фрижидерот од тврдокорните масти со помош на тешки хемикалии, послушајте го советот на искусните домакинки.

Исклучете го уредот и испразнете го, а потоа извадете ги полиците и потопете ги во поголем сад со врела вода и неколку лажици сода бикарбона.

Оставете ги да одстојат, барем еден час, а потоа исперете ги со вода и пуштете ги да се исушат. Внатрешноста исчистите ја со раствор од две лажици сода бикарбона и литар топла вода, која ќе ги отстрани наслагите од храна.

За да го отстраните мирисот од фрижидерот, земете лимонов сок во размер 1:1 со млака вода и со него испрскајте ја целата површина. Лимонот ќе ги елиминира бактериите, бидејќи лимонската киселина ја има токму таа моќ.

Како вие го чистите вашиот фрижидер и дали користите лимонска киселина за завршен сјај и прекрасен мирис на вашиот фрижидер?

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *