И таа “падна” на неговиот шарм : Латино-ѕвездата Габриела Спаниќ e воодушевена од Биковиќ

Латино-ѕвездата со хрватско потекло Габриела Спаниќ е воодушевена од српскиот актер Милош Биковиќ и сака да глуми со него во филм или серија. Актерката, која е најпозната по улогата во теленовелата „Злобница“, во интервју за српски „Информер“ рекла дека гледала неколку негови филмови и дека ѝ се допаѓа младиот актер.

„Морам да ви признаам дека баш ми се допаѓа како глуми Милош. Тој е многу згоден и талентиран. Се надевам дека еден ден ќе глумиме заедно, многу би сакала да се реализира тоа“, рекла Габриела.

Иако српските медиуми пишуваа дека таа ќе се појави во неколку епизоди од познатата српска серија, актерката вели дека ѝ понудиле улога, но таа не ја прифатила.

„Точно е дека добив понуда да снимам неколку епизоди, ни одбив бидејќи сметав дека тој проект не е сигурен. Но, ќе ми биде голема чест да глумам во некоја ваша серија, ако ми понудат улога што ќе ми биде интересна“, додала таа.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *