И што уште не

Те гледам со крајот на окото, исто како што понекогаш се обидувам да ја доловам убавината на светлината која влегува низ мојот прозорец. Наместо да ја доловам таа ме заслепува, твоја одлика.

Мртви емоции, морници, гадење и што уште не. Изџвакана мастика, се уште ја џвакам, го губи вкусот, но сепак ја џвакам, како да се надевам дека ќе се поврати барем мал дел од нејзината слаткост и ќе ми ги залажи усниве. Но, ништо, повторно завршува во пепељара како и сите останати пред неа. Изџвакана мастика, извежбани потези, вештачка насмевка, алкохол во крвта и што уште не.

Палам цигара, чадот се тегни низ просторијата непозната за мене, сепак чувство на дома, но зарем постои место кое може да го замени твојот дом? Излегува низ прозорецот и патува до мојата перница, знае дека нема да можам да заспијам кога ќе легнам врз неа, за разлика од него.

Тој не знае дека никогаш нема да заспијам на неговите гради. Нема врска, само мала инспирација, гледајќи ја светлината која ме разбуди ова утро. Пробав да ја дофатам со работ на окото, но ми избега, твоја одлика. Пробав да те дофатам со работ на срцето, но избега.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *