Каде животот е поевтин: Кој плаќа повеќе, Македонците или Германците?

Голем дел од луѓето во Македонија мислат дека во Европа храната е многу поскапа отколку тука, но иако ова е вистина за одредени специфични производи, во реалноста не е така.

Доколку се види и стандардот на Европјаните и нивните плати кој што се многу повисоки од македонските, работите се многу поинакви. На пример во Германија, прехранбените производи се многу поефтини во споредба со Македонија.

ЗЕЈТИН

Најкористениот зејтин за готвење во Германија чини околу 1 евро или 60 денари за еден литар. Кај нас еден литар од тоа зејтин чини 65 денари.

ЈАЈЦА

Шест спакувани јајца во Македонија се околу 50 денари, а во Германија 1 евро или 60 денари.

КАШКАВАЛИ

Кашкавалите како Едамер и Гауда кај нас чини од 350 до 370 денари за еден килограм. Во Германија, килограм Гауда од Холандија е 5 евра или 300 денари, а Ементалер чини 5,4 евра или 330 денари.

КРАВЈО МЛЕКО

Kравјото трајно млеко со масленост од 3,2 проценти во нашите маркети може да се најде за најниски 38 денари по литар, а просечната цена се движи околу 45 денари. Во Германија, најевтиното млеко е 0,55 евра или 33 денари, а алпското млеко е околу 1 евро.

ЗЕЛЕНЧУК

Домат во Македонија е од 80 до 120 денари за килограм, а во Германија е 2,50 евра или 150 денари. Килограм од македонските краставици нас не чинат 192 денари, а во Германија 0,70 евра или 42 денари е парче од 300 грама. Пиперките во Германија се 2,50 евра или 150 денари за килограм, а тука 125 денари.

ОВОШЈЕ

Јаболката во Македонија почнуваат од 23 денари за килограм. Во Германија најевтините јаболка никогаш не се помалку од 1 евро за килограм, а увозните се до 3 евра. Мандарините кај нас чинат 45 денари за килограм, а во Германија се поскапи и чинат 1,33 евра или 80 денари.

ШЕЌЕР И СОЛ

Солта во Германија чини 1,38 евра за килограм или 85 денари, а во Македонија само 28 денари. Едно кило шеќер во Германија е околу 0,69 центи или 42 денари, а кај нас најевтиниот е 38 денари за килограм.

БРАШНО,ОРИЗ

900 грама од второкласен македонски ориз тука чини 46 денари. Но во Германија, првокласен ориз чини од 0,80 центи или 48 денари за килограм. Брашно од Тип 400 во Македонија се наоѓа за 24 денари за килограм. Тоа во Германија ќе ве чини 0,30 центи или 18 денари.

ЛЕБОВИ

Векна обичен бел леб од 750 грама во Германија е 0,85 евра или 51 денар, а багет од 250 грама чини 0,60 евра или 36 денари. Кај нас белиот леб од 250 грама чини 27 денари, а во некои продавници се продава и за 39 денари.

ПИВО И АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ

Пивото е со нешто пониска цена во Македонија, но тоа важи само за домашните марки. Хајнекен од 0,33 литри во Македонија е 55 денари. Во Германија е 1 евро, но само доколку купите пакетче со 6 пива. Ефтиното виски од 0,75 литри како „Џејмисон“ кај нас го најдовме за 1000 денари. Во Германија истото е 10 евра или само 600 денари.

ВИНО

Цената на сортното македонско вино кај нас почнува од 170 денари за шише, а поквалитетното е во просек 500 денари. За споредба, македонско вино флаширано во Германија во супермаркетите чини 1,6 евра или 100 денари. Врвните сорти во Германија се нудат за 6 или 7 евра.

ПРОИЗВОДИ ЗА ЛИЧНА ХИГИЕНА И ДЕТЕРГЕНТИ

Шампонот Пантен од 200 милилитри во Македонија чини 208 денари, а во Германија 1,45 евра или 90 денари. Гел за туширање од 250 мл во Македонија во просек чини околу 120 денари, а во Германија 300 мл чини 0,55 евра или 30 денари. Течен сапун во Македонија може да најдете за 79 денари, а во Германија се продава за 55 центи или за нешто повеќе од 30 денари. Детергентот Персил за окулу 20 перења во земјава чини 365 денари. Во Германија истиот детергент се продава за 5,15 евра или 320 денари.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *