Како би изгледал животот на Земјата доколку таа беше рамна плоча?

Паралелно на многуте докази, последниве години сеп оголем број луѓе од некои причини веруваат дека нашата планета е рамна плоча. Во изминатите пет години така може да се забележи и огромниот раст на бројот на пребарувања за поимот “Рамна Земја”, а паралелно расте и бројот на рамноземни конвенции.

Така, здружението “Flat Earth Society” во 2020. година тргна на голем крстарење до ивицата на Земјата, за кое ветиле дека ќе биде најголемата и најдобрата авантура.

На прв поглед изгледа опасно да се тргне на крстарење до крајот на светот бидејќи се наметнува прашањето дали со доаѓањето “до крајот”, бродот едноставно ќе се лизне од ивицата? Сепак, во ова здружение нема страв, бидејќи овие луѓе ја потврдуваат теоријата дека Антарктикот е всушност голем леден ѕид кој штити од “се што надоаѓа позади него”.

“Позади ледениот ѕид се наоѓа она што нашето здружение најмногу го интересира. Колку што знаеме, никој досега не заминал позади ледениот ѕид и се вратил да раскаже што се наоѓа таму”, објаснуваат на својата интернет страница членовите на ова здружение.

Останува да се види што ќе се случи кога поборниците на теоријата дека Земјата е рамна и што ќе се случи кога нема да го пронајдат ледениот ѕид. Меѓутоа, знаејќи како функционираат теориите на завера, сигурно е дека ќе се пронајде некое објаснување, така што не треба да се очекува дека оваа теорија набрзо ќе исчезне од интернетот.

Одредени работи за самото крстарење засега останаа неодговорени и скриени, иако, со оглед на тоа дека станува збор за “научно” патување, многумина очекуваат бројни разговори и расправи. Доколку имате вишок пари, а ве интересира што се наоѓа позади Антарктикот и верувате во теоријата дека Земјата е рамна плоча, приклучете се на патувањето.

Иако, парите ќе ви пропаднат, ледениот ѕид нема да го видите, и веројатно ќе се разочарате со сознанието дека Земјата всушност не е рамна.

Но, да замислиме, како би изгледал животот на Земјата доколку таа навистина беше рамна плоча?

Не би паднале од ивицата на Земјата

Грацитацијата, според НАСА, е сила која планетата или друго тело го привлекува кон своето средиште . Имајќи во предвид ека Земјата е како топка, сите работи на нејзината површина се привлекуваат во иста насока – кон средиштето. Гравитацијата така во целост би оневозможила Земјата да биде навистина рамна.

Кога Земјата навистина би била рамна, и доколку гравитацијата би се однесувала како денес, приближувањето кон ивиците на Земјата би било како одење по стрмна планина и тоа затоа што гравитацијата би ве влечела кон центарот на дискот, односно рамната плоча која всушност претставува планета. Така, всушност, не би можеле воопшто да стигнете до крајот на плочата, а камоли да паднете од нашата планета.

Помрачувањето на месечината би било досадно

Сенката која преминува преку месечината за време на помрачувањето е очигледен доказ дека Земјата е округла Доколку Земјата е навистина рамна плоча, помрачувањето на месечината би бил досаден и грд феномен.

Спортовите би станале чудни

На рамната Земја, спортовите би морале да се играат само во близина на нејзиното средиште, каде што гравитацијата се однесува како и кај округлата Земја. Така со спорт би требало да се занимаваме на ледениот Северен пол, а малку помалку ладно искуство би имале на краевите на Земјата, што спортовите со топка би ги направило малку комплицирани. Така топката фрлена во вис, би паѓала назад кон центарот на тој рамен диск.

Географијата би била поинаква

Само на Северниот пол гравитацијата би функционирала нормално. На него тогаш не би имало мраз. Тоа би било влажно место, бидејќи искривената гравитацијата оневозможила постоење на вода на ивиците на планетата. Водата би патувала кон средиштето па така единственото нормално место на Земјата всушност би останало ненаселено.

Краевите на ивицата на Земјата би биле многу чудни

Кога земјата би била рамна плоча, на нејзините краишта веројатно би постоела некоја чудна шума. Дрвата би растеле спротивно од силите на гравитацијата па така на овие екстремни делови од планетата, каде што гравитацијата влече се под одреен агол, кон центарот, дрвјата би растеле дијагонално.

Би можеле да го гледаме сонцето и во текот на ноќта, или таа воопшто не би постоела?

Имено, доколку земјата е рамна плоча, сонцето би било многу помало и многу поблиску до нашата планета, како што е месечината. Сонцето би се однесувала како рефлектор во театар, кој испраќа насочен сноп светла на деловите на Земјата на кој е ден, додека остатоко останува во мрак.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *