Како е ова можно? 19 години патувала со авион бесплатно, а сега ја откри нејзината тајна и мора да плаќа

Неколку пати била уапсена, но тоа не ја спречило да го продолжи својот занает.

Мерилин Хартман (69) го добила прекарот (сериска слепа патничка) поради својата способност да влезе во авион без карта и пасош, а тоа со години и поаѓало од рака.

Меѓутоа, во последно време нема многу среќа. Неколку пати била уапсена, а најновиот случај на нејзино приведување бил на аеродромот во Чикаго, каде што се обидела да влезе во авионот бидејќи го напуштила прифатилиштето за бездомници Вест Сајд, каде што била последните година дена, пренесува Дејли Мејл.

Задржана е во притвор со можност за кауција.

“Стана проблем, непрекинато ветувше дека ќе ги слуша нашите барања, но упорно ги кршеше ветувањата”, изјавил обвинителот Џејмс Марфи.

Оваа жена станала вистински професионалец во авионски товарања. Во последниве 19 години, тоа и успеало околу 30 пати.

Зборувајќи за ЦБС изјавила дека отсекогаш и успеало да се протне со другите патници и да најде место во авионот. Доколку би ја запреле, би била многу љубезна и би се правела дека е целосно невина.

Понекогаш, исто така, би нашла туѓа карта, а најчесто би се приклучила на голема група луѓе и едноставно би се протнала кога персоналот би обрател внимание на некој друг патник.

Мерилини во 2019 година е осудена на 18 месеци условно бидејќи е фатена на лондонскиот Хитроу кога полицајците откриле дека со себе нема ниту карта, но ниту пасош при обидот да влезе на лет за Конектикат.

Како што самата признала, нејзините патувања започнале во 2002 година кога успеала да се протне на лет од Чикаго за Копенхаген, а следниот пат отпатувала во Париз.

Фатена е и на лет за Хаваи во 2009 година, а неволји избегнувала се до 2014 година кога е осудена поради лет без карт од Сан Хозе кон Лос Анџелес.

Судијата ја осудил на условна казна, но веќе следниот ден се вратила на аеродромот, каде што била уапсена и осудена на шест месеци затвор. Меѓутоа, таму поминала само три дена поради пренаселеност во затворот.

Нејзиниот адвокат Андреа Лубелфелд вели дека нејзината клиентка е мент.ално нестабилна, односно дека самата пати од биполарно пореметување.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *