Како југословенските весници во 1987. година пишувале за Доналд Трамп, му се чудела цела земја

Секој пат кога Доналд Трамп се симнува од својот апартман на 62. спрат од кулата Трамп, најелегантниот облакодер на Менхетен, во средината на лобито некој пијанист на пијано често изведува некое дело од класичната музика, најчесто деветата симфонија на Бетовен. Во холот од италијански розов мермер, во кои фонтаните и портирите се облечени во свечени униформи, веднаш се собира љубопитна публика.

“Тоа е тој, Доналд!” возвикуваат неговите обожаватели пред фотографските рефлектори. Некои од него бараат автограм, други се задоволуваат со стисокот на неговата рака. Некои сакаат да го допрат, бидејќи како што велат, тоа носи среќа.
Четириесетгодишниот Доналд, оженет со поранешната манекенка Ивана која била и шампион во скијање, Доналд Трамп, бил деловен гениј, симбол на брзиот и невиден успех.

Кога пред десетина години изгледало дека градот Њујорк е во криза, во долгови, мачен од сите можни тешкотии, и кога многу претприемачи се преселиле на Флорида и во Калифорнија, Доналд Трамп со позајмени пари купувал земјишта и градел облакодери.

“Порано или подоцна Њујорк повторно ќе се подигне”, повторувал Трамп, упорен во својот оптимизам: “И тогаш ќе видите!”.
Имал право. После годините на депресија следел економски процвет. Градежништвото повторно живнало, а цените на куќите се искачиле на вртоглави цифри. Благодарение на своите успешни деловни потези, Доналд Трамп за неполни десет години се сместил помеѓу најбогатите луѓе во Америка.

Тој и неговото семејство се сопственици на повеќе од 25.000 станови сместени по сите квартови во Њујорк, од Бурклин до Квинс, како и во самиот центар на Менхетен, на познатата Пета авенија. Таму е познатата Трамп кула, во која, помеѓу останатите, живеат и режисерот Стивен Спиелберг, актерката Софија Лорен и поранешниот претседател на Хаити Жан Клод Дувалије.

Како Њујорк да не му беше доволен, Доналд ја испружи својата рака и до Атлантик Сити, новата коцк арска метропола која започнува да го стасува Лас Вегас. НИту овој пат не го изневерил неговиот инстинкт. Уште пред граѓаните на Аталантик Сити преку референдум се изјасниле во корист на каз ината, Доналд таму започнал да купува земјишта кои на прва рака не изгледале привлечно.

Преку доверливи посредници купувал парцели по ниски цени, а потоа, во вистински момент, започнал да ги продава остварувајќи огромна корист.

За својот четириесетти роденден изминатиот јуни, Доналд на крај посакал поклон достоинствен за неговата важност. Купил огромен хотел, целиот со мермер и огледала, во кој имал каз ино, кој го носел името Замокот на Трамп.

“Така подобро ќе го прославиме мојот роденден” и рекол на својата жена Ивана.

Колку што станувал побогат, Доналд станувал и се поголем мега ломан, гладен за публицитет и слава. Неодамна во некоја телевизиска мини-серија се глумел самиот себе. Кога е во прашање публицитетот, изгледа дека никогаш не му е доволно.

Доналд, “Кралот на Њујорк” како што го нарекуваат весниците, уште во седум часот наутро седи позади големото биро од махагонија. Никогаш не бележи ништо, се “складира” во сопствената меморија достојна на еден компјутер.

Последните и најзначајни манифестации на неговата склоност кон грандиозноста е цел еден град, Трамп Сити, кој би требало да биде подигнат на северозападниот дел на Менхетен, на десниот брег од реката Хадсон. Тој монструозен проект треба да започне да се остварува оваа година и ќе биде завршен во 1992. година, со трошок од нешто повеќе од пет милијарди долари.

Проектот Трамп Сити вклучува седум облакодери, секој со 75 ката, 8.000 луксузни станови и еден 65 катен облакодер наменет за канцелариски простори, под кој би требало да биде некој вид на висечка градина, всушност огромен парк со стебла и фонтани, еден голем трговски центар на околу милион метри квадратни, поделен на три ката и предвиден за ТВ и филмски студија, хотели, продавници, банки, ресторани, паркинг за 8.500 автомобили, станица со подземна железница и автобуска станица која ќе го поврзува Трамп Сити со останатите делови на градот. Во Трамп Сити ќе живеат повеќе од 20.000 луѓе, а ќе работат 40.000, значи вистински град во внатрешноста на метрополата.

“За оние кои се навикнати на брзиот ритам на Менхетен, животот во Трамп Сити ќе биде ново искуство, без сомнеж многу позитивно”, изјави еден од архитектите кои учествувале во изработката на проектот.

Нацртите се изработени според најмодерните урбанистички критериуми. Тој град нема да знае за проблемите кои го мачат Њујрок, од ѓубре на улиците до хронични сообраќајни гужви.

Сепак, урбанистите ги загрижува џиновскиот облакодер во средината на Трамп Сити. Такво нешто се уште не е видено. Тој супер-облакодер кој го проектирал архитектот Хелмут Јахн со своите 150 ката ќе достигнува висина од 548 метри, значи висок повеќе од половина километри, со што би го скрушил светскиот рекорд. Познатиот облакодер Сеарс во Чикаго со 110 ката и 477 метри висина, досега највисок на светот, ќе се најде на второ место.

Следат: Светскиот трговски центар на Менхетен, 443 метри, Емпајер Стејт Билдинг, 410 метри, како и облакодерот на издавачката куќа “Mc Graw Hill” исто така на Менхетен, со висина од 396 метри.

Сепак, висината е само еден елемент од “супериорноста” на овој нов облакодер, кој на врвот ќе завршува со еден обелиск. Од другите облакодери ќе се разликува по посебната техника на градење и по најсовремената градежна опрема.

Градбите на облакодери започнале во Чикаго пред еден век. Кога се гради облакодер, постои опасност да тој под притисок на ветерот се сруши. На таква висина ветерот е секогаш прилично јак па облакодерите вообичаено имаат тенденција да се навалуваат, искривуваат и оштетуваат, а доаѓа и до пукање на внатрешната структура. На повисоките спратови, секој облакодер помалку се лула и чкрипи како брод во невреме, иако веќе постојат системи за стабилизација.

Оние кои престојуваат на такви висини, често имаат проблеми слични на морска болест. Но, новиот облакодер, поради посебната конструкција, би требало подобро да се спротистави на силата на ветерот и земјотресите. Максималната осцилација, како што уверуваат конструкторите, нема да помине 20 сантиметри, пресметувајќи од средината на градбата, додека кај другите облакодери таа може да достигне и до 70 сантиметри.

За да бидат целосно сигурни, инжинерите веќе ја провериле отпорноста на поединечни делови од конструкцијата во тунели со ветер кои се употребуваат за испитувања на авиони. Батериите на компјутерот се споени со стабилизаторите на повисоките делови на облакодерот, на начин што мора да обезбедат рамнотежа.

Супер-облакодерот на Трамп ќе биде како некој вид машинерија за престојување. Лифтовите ќе бидат многу брзи, а на највисоките катови ќе се возат експресни лифтови кои нема да запираат на пониските катови. Но поради заштеда на простор и економичност, таквите лифтови ќе бидат релативно малку. Од друга страна, лифтовите ќе бидат споени со водорамен систем за превоз.

Излегувајќи од лифтот, станарот на зградата веднаш ќе наиде на тивок електричен минибус, кој луѓето ќе ги пренесуа по катовите.

Станарите ќе уживаат и во удобност и раскош од секој вид. Тука е секако и системот за клима уреди за целата зграда, а ѓубрето ќе се спалува веднаш во џиновски печки. Во случај на пожар, алармните системи ќе активираат автоматско гасење. Пошта по катовите ќе се разнесуваат роботизирани колички. Преку затворена ТВ мрежа ќе може да се извршува и шопинг во подземните супермаркети.

Што уште?

“Ќе има и други задоволства”, ветува Доналд Трамп. Во прв ред е задоволството да се престојува во зград достојна за 21. век. И да од висината се гледа Њујорк, метропола која и припаѓа на минатото.

Напишано во “RS магазин, 1987 година”.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *