Караниците меѓу браќата и сестрите се добри за нив, тврдат експертите

Добра вест за родителите кои се замориле од постојаните расправии меѓу своите деца!

Имено, експертите тврдат дека несогласувањата, расправиите и ривалствата помеѓу браќа и сестри можат да го поттикнат менталниот и емоционалниот развој, да ја зголемат зрелоста и да ги подобрат социјалните вештини.

Научниците дошле до овие откритија благодарение на петгодишното истражување.

Но, тие нагласуваат дека овие придобивки се можни само ако децата се еднакви во вербалната борба и ако најдат заеднички компромиси.

„Колку се поборбени браќата и сестрите и колку повеќе се караат, и колку повеќе повозрасното дете „го спушта на земја“ помалото, толку повеќе учат сложени лекции за комуникација и јазични вештини“, вели др. Клер Хјуз, автор на Social Understanding and Social Lives.

Врз основа на овој истражувачки проект за браќа и сестри, проект од Центарот за семејно истражување на Универзитетот во Кембриџ ги испита когнитивниот и социјалниот развој на децата на возраст од две до шест години.

„Колку повеќе децата се вознемируваат едни со други, толку повеќе учат за регулирање на своите чувства и како можат да влијаат на емоциите на другите”, додаде Хјуз, истакнувајќи: „Се разбира, ако ривалитетот на браќата и сестрите излезе од контрола, тоа може да биде многу негативно. Постојано насилство е силен предиктор дека агресивно дете ќе ги малтретира своите врсници“.

Џуди Дан, професор по развојна психологија на Институтот за психијатрија, рече дека иако „можеби не се чувствувате така, ривалството меѓу браќа и сестри може да биде конструктивно, подготвувајќи ги за важни врски како што стареат“.

Д-р Тина Кречмер, коавтор на ова истражување, смета дека родителите не треба да се обидуваат да го задушат ривалството на нивните деца.

„Тоа е природен дел од односот меѓу браќа и сестри и има свои добри страни: може да ги мотивира да изберат различни ниши во кои ќе се истакнат“, рече таа.

Но, Дороти Роу, психолог и автор на „My Dearest Enemy, My Dangerous Friend: Making and Breaking Sibling Bonds“, верува дека родителите треба да интервенираат во несогласувања за да им покажат на браќата и сестрите дека има подобар начин да ги решат нивните проблеми.

Таа исто така вели дека родителите треба да избегнуваат да заземат страна на едно дете и да останат смирени, пишува Гардијан.

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *