Кеба има вонбрачна ќерка, но таа не сака да го запознае

Фолк-пејачот Драган Којиќ – Кеба има вонбрачна ќерка, Ина, која ја добил од врската со текстописецот Љиљана Јевремовиќ. Кеба, кој има две деца од бракот со Оља, синот Игор и ќерката Наташа, никогаш не ја признал вонбрачната ќерка, а ни таа не сака да го запознае својот татко, пишуваат српските медиуми.

Љиљана неодамна откри дека Ина не сака да се сретне со нејзиниот татко. Таа додаде дека е среќна што ќерка ѝ донела таква одлука.

„Никој никогаш не го принудуваше да се однесува така, да бега од своето дете, па сега Ина не сака да го запознае, се цени себеси и смета дека е доцна за било што. Ми рече дека ќе му се јави само ако Кеба умира, за да не излезе толку сурова. Се надевам дека нема да се обиде да му прости, бидејќи навистина го избришавме и многу убаво живееме без него“, изјавила Љиљана за „Блиц“.

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *