Ким Кардашијан со фотографија од младоста ги воодушеви следачите, погледнете како изгледа на 16 години (ФОТО)

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан има бројни следачи на социјалните мрежи, а сега ги израдува со фотографија од своето минато.

Славните обожаваат да ги развеселат своите обожаватели со фотографии од младоста па и 40 годишната Ким, објавила фотографија од времињата кога таа била тинејџерка.

“16 годишната КК”, напишала Ким покрај фотографијата од минатото на која се сонча без шминка.

Носталгичниот времеплов ги воодушевил сите, па за само неколку часа Ким добила повеќе од 2 милиони лајкови.

Ким со оваа објава ги воодушевила своите фанови, а многумина прокоментирале дека таа секогаш била убава.

“Тие усни”, “Убавина”, “Убава некогаш, убава и сега”, беа само некои од коментарите.

Како што е веќе објавено, Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг, музичар и продуцент Кање Вест се разведуваат.

Славниот пар има четири деца, а Ким минатиот месец поднела барање за развод од раперот со кој беше во брак речиси седум години.

Во порано интервју, Кардашијан открила дека во голема мера патела поради критики во медиумите на сметка на нејзиниот изглед во бременоста, кога во 2013 година ја носеше ќерката Норт.

“На неделна база бев посрамотувана на насловните страници. Тоа навистина ме скрши”, изјави Ким.

Погледнете ја фотографијата во продолжение и дознајте како изгледала Ким на 16 години:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *