Кинезите тврдат дека вирусот не настанал во Вухан, научници велат дека тој настанал во оваа држава

Коpонавирусот за прв пат се појавил во Вухан, но не настанал таму, изјави Зенг Гуанг, поранешен главен епидемиолог на Кинескиот центар за контрола и превенција на заразни болести. Додал и дека утврдувањето каде настанал вирусот е во тек и дека може да вклучува повеќе држави и региони.

После обвиненијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп кој неколку пати изјави дека станува збор за “кинески” вирус и дека токму Кина е виновна за пандемијата која го зафати целиот свет, од кинеското министерство за здравство порачуваат дека и понатаму работат да отркијат од каде всушност пристигнал вирусот, пишува Гардијан.

Кинеските научници тврдат дека Вухан не е местото каде што за прв пат се случила трансмисијата на вирусот од еден на друг човек, туку сугерираат дека тоа се случило во Индија.

Тамошните медиуми пишуваат за тоа дека вирусот пристигнал на пакети од замрзната храна која е увезена од иностранство, а сметаат дека во Кина влегол уште пред декември 2019. година.

Еден од најважните експерти на Светската здравствена организација за вонредни ситуации изјави дека било “многу шпекулативно” за СЗО да каже дека вирусот не се појавил во Кина, каде што за прв пат е идентификуван на пазар во декември минатата година.

-Мислам дека е многу шпекулативно за нас да кажеме дека болеста не се појавила во Кина – изјавил Мајк Рајан на виртуелен брифинг во Женева откако е прашан дали е можно вирусот најпрво да се појавел надвор од Кина.

-Од перспектива на јавното здравство јасно е да започнете истрага таму каде што се појавиле првите случаеви – додал тој, изјавувајќи дека доказите потоа би можеле да водат на други места како и дека СЗО планира да испрати истражители на влажниот пазар во Вухан за подетално да се истражи потеклото на вирусот.

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адан Габријесус упати денес апел од Женева до сите светски држави да не ја политизираат истрагата за потеклото на коpона вирусот бидејќи тоа би можело да создаде препреки на патот кон дознавањето на вистината.

-Ние мораме да дознаеме од каде потекнува вирусот, за да можеме да спречиме избивање на зараза во иднина. Нема тука што да се крие: сакаме да знаеме од каде потекнува вирусот, и тоа е се – изјавил Тедрос.

Токму поради замрзнатата храна, Кина во зимскиот период ќе го засили надзорот и инспекцијата и на други увезени роби и контејнери. При купување на увезени производи од ладен ланец, производителите и трговците со храна мораат да набават сертификат за дезинфекција и потврда дека храната не е заразена со вирус кој предизвикува ковид-19.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *