Кинеските научници открија детали од нивното истражување: Еве од каде навистина потекнува вирусот

Кинеските научници, денес на типломатите им претставија истражување за потеклото на коpона вирусот пред објавувањето на долгоочекуваниот извештај на експертскиот тим на Светската здравствена организација (СЗО).

Во извештајот се наведува дека денешниот брифинг бил обид на Кина да го претстави своето гледиште за извештајот на СЗО кој се заплеткал во дипломатската мрежа, бидејќи САД и некои други земји поставија прашање за притисоците кои Кина наводно ги вршела врз експертскиот тим, додека Кина ги обвинува своите критичари дека го политизираат научното истражување.

-Наша задача е да демонстрираме отвореност и транспарентност. Се боревме против пандемија на транспарентен начин и немаме што да криеме – порачал Јанг Тао, од кинеското министерство за надворешни работи.

Меѓутоа, не е јасно кога ќе биде објавен конечниот експертски извештај со оглед на тоа дека двете страни би требало да се согласат за содржината на тој документ.

После исцрпните расправи, експертите гласале за хиопотезата на кој начинот вирусот пристигнал во Вухан и се согласиле дека најверојатно дошол преку два можни извори на животинско потекло и преку замрзната храна.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *