Ковид ги банкротираше многу фирми, но во овој бизнис работата цвета, луѓето заработуваат милиони месечно

Иако многу жени во текот на карантинот нема да се шминкаат или ќе ја запустат фризурата, некои ќе заминат во друга крајност.

Откако започна пандемијата, во Германија цвета работата на естетските хирурзи.

Расте бројот на неинвазивни и помалку инвазивни зафати, посебно кога е во прашање ботокс и хијалуронска киселина која се користи како дермален филер.

“Блефаропластиката, односно подигнувањето на капакот е во голем пораст во време на пандемија”, изјавил еден член на Сојузот на германски естетски пластични хирурзи. Тој смета дека тоа е затоа што носењето маска во јавност дополнително ги истакнува очите.

Но, блефаропластиката не е единственото за кое хирурузите можат да им се заблагодарат на маските.

“Корекцијата на усни може краткорочно да предизвика модрици, црвенило и отекување, а сетоа тоа може да се сокрие под маска”, изјавил истиот извор.

Жените и мажите бараат и липосукција за да се ослободат од целулитот кој се создава поради застој на течност во ткивото, поради одредени карактеристики на врзното ткиво, важното влијание на хормонот – естроген, во пубертет, кај бременоста, после хормонските терапиии или после контра.цепција. На целулитот влијае и генетската предиспозиција, а често ниту спортот ниту диетата не можат да го отстранат од кожата.

Во име на убавината десетици илјади пациенти годишно заминуваат на естетска корекција, а пандемијата само го убрза тој тренд.

Според податоците на Сојузот на естетски хирурзи, во 2019 година е објавено дека имало 83 илјади естетски зафати, а во 2020 година податоците се уште не се собрани во целост, но би можела оваа бројка да надмине 100 илјади.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *