Ковчегот во кој принцот Филип ќе биде погребан е направен пред 30 години: Еве зошто е обложен со олово

Кралицата Елизабета ќе ја исполни последната желба на својот сопруг, а тоа е ковчегот со неговото тело на последното почивалиште да биде пренесено со ровер кој самиот го составил.

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, ќе биде погребан во сабота на 17. април, а поради рестрикциите, на погребот ќе присуствуваат само 30 луѓе.

Службата ќе биде оддржана во капелата Свети Ѓорѓи на имотот Виндзор, а кралицата ќе мора да седи издвоени од останатите, со маска на лицето. Деталите од самиот погреб се уште не се познати, единствено што се знае е дека сите ќе мора да држат физичка дистанца.

Медиумите пренесуваат дека принцот Филип ќе биде погребат во ковчег од дб, кој е обложен со олово и специјално е направен за него пред повеќе од 30 години. Британски Метро пишува дека е традиција членовите на кралското семејство да бидат погребани во ковчег обложен со олово, бидејќи оловото би требало да помогне телото да се сочува од пропаѓање.

Имено, телото во ваков ковчег може да се сочува до година дена бидејќи е херметички затворен и не може да влагата да навлезе во него. Во време кога за Филип е правен ковчег, дизајниран е и еден одговарачки за Кралицата Елизабета.

Треба да се напомене дека ковчегот на принцезата Дајана тежел четврт тон, токму поради тоа што бил обложен со олово.

Иначе, желбата на принцот Филип да околу неговиот погреб не се прави шоу, Кралицата ќе ја исполни неговата желба, а тоа е ковчегот со телото на последното почивалиште да се пренесе со роверот кој сам го составил.

Принцот Филип починал на 9. април на 99 годишна возраст.

Поради здравствените проблеми бил примен во болница на 16. февруари, а пуштен е месец дена подоцна.

Бакигемската палата објавила на 16. март дека принцот Филип е пуштен од болница, и додале дека бил со ведар дух. Последниве денови често бил затворен во својата соба, но во неделите после пуштањето од болница минатиот месец, бил многу помирен и потивок.

Храна му испраќале на послужавник, но тој често имал слаб апетит.

Се промениле и некои рутини, па така го откажал утринскиот чај во 7:30 часот кој собарот му го носеше во собата, каде што, помеѓу ретките лични работи кои секогаш ги држеше на виделина, се наоѓаа две урамени фотографии – една од неговата сопруга и друга од неговата мајка.

Интересно е што помеѓу семејните фотографии од децата и внуците кои секогаш ги држеше на канцелариската маса во Виндзор, била и една од принцот Чарлс и принцезата Дајан снимена на денот на нивната венчавка.

Овие денови, кога се чувствувал доволно силно да излезе од својата соба, облекувал кошула и џемпер, панталони и чевли. Според зборовите на упатените, Филип секогаш се облекувал сам, барем до неодамна.

Кога биле потоппли деновите, би замолил за стол надвор, каде што би седел на сонцето, со прекривач на нозете. Често би дремнувал. Би се движел отежнато, па користел стап. Повремено би дозволил да го пренесуваат во инвалидска количка, но персоналот бил исклучително внимателен кога го предлагал тоа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *