Кога Бајден ќе стане претседател, на Балканот ќе се формира нова Југославија со 6 држави, откриени детали

Какви промени се очекуваат на Балканот со доаѓање на администрацијата на новиот претседател на најмоќната држава на светот?

Поранешниот дипломат на Балканот и професор на Универзитетот Кембриџ, Тимоти Лес вели дека регионот на Западен Балкан за време на мандатот на претседателот на САД Џозеф Бајден би можел да стане нов мултиетнички ентитет составен од шест држави, тесно поврзан со ЕУ, на чие чело би бил Белград.

Лес вели дека регионот за време на администрацијата на Бајден би можел да стане некој вид “ЕУ-гославија”.

“Тоа нема да биде баш нова Југославија, која беше производ на своето време, но фактите на теренот ќе го примораат Бајден да се врати на логистиката од неодамнешното минато и да го поддржи создавањето на она што ќе биде инкарнација на минатото во 21 век – нова ЕУ – гославија”, пишува Лес во авторскиот текст за “Opendemokracy.net”.

А зошто на чело на тој мултиетнички ентитет би бил Белград, Лес во текстот за тој британски политички сајт објаснува факти дека Србија, бидејќи европските интеграции од различни причини се успорени, ја обнови својата позиција на најистакната држава на Балканот, после појавата на “силниот лидер”, кој конечно го заврши хаосот од двеилјадитите, и периодот на структурални реформи.

Исто така, Лес истакнува и дека Србија се ангажирала на “проникливо дипломатско маневрирање”, кое и овозможи да ја искористи поддршката на силите кои сакаат присуство на Балканот: Русија, Кина, Турција.

Токму тоа, додава, ја засилило позицијата на Србија во однос на САД.

“Доколку претседателот Бајден сака да остане верен на американската цел за воспоставување на некој вид траен мир на Балканот, кој овозможува негов внатрешен развој и надворешна интеграција со Западот, тој мора да работи во рамките на овие нови реалности”, додава Лес.

Тој оценува дека нема сомнеж, дека администрацијата на Бајден ќе сака да се откаже од она што го правеше досегашниот претседател Доналд Трамп, но и дека, соочена со ситуацијата на терен и новата реалност, ќе мора да продолжи таму каде што застана нивниот републикански претходник.

Еден од елементите на пристапот на Трамп, кој Бајден ќе мора да го зачува, како што наведува Лес, е иницијатива да се воспостави регионална економска зона на Западен Балкан, односно мини Шенген.

Администрацијата на Бајден ќе види, како што вели Лес, дека Србија поддржува таква економска унија, како и други држави од западен Балкан, вклучувајќи ја Албанија.

“Проектот кој на Србија и дава лидерска улога на Балканот би можел да биде доволен Белград да се убеди да ја признае независноста на Косово, и да се уназадат односите со Русија, Турција и Кина”, смета Лес.

Експертот од Кембриџ повторно дека сигурно некој од тимот на Бајден ќе се спротистави на идејата да на било кој начин се награди Србија, но, како што истакнува, соочени со политичката реалност ќе видат малку други опции.

Клучот во пристапот на Бајден, како што оценува Лес, ќе биде пред се интерес на САД, а не проценка на тоа кој би воспоставил економска унија на западен Балкан и би добил помалу или повеќе.

Ваквата политика на администрацијата на Бајден не само што ќе продолжи таму каде што застана Трамп, туку и ќе ја оживее стратегијата на големите сили на Балаканот во 20. век, смета Тимоти Лес.

Белград и после ПСВ, беше престолнина на најголемата нација на западен Балкан и природен политички центар, вели Лес и додава дека ниту “сто години потоа, стратешката логика не се променила многу”.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *