Кога е сигурно да се дружите со некој кој бил заразен од коpонавирус?

Коpонавирусот продолжува да се шири во целиот свет и ги зголемува изгледите дека ќе запознаете барем една личност која боледувала од ковид-19.

Доколку некој заболел во вашиот најтесен круг, се поставува прашањето колку време е потребно за опоравување и за сигурно воспоставување на личен контакт со таа личност.

Со коpонавирус можно е да се заразите воглавно преку респираторни капки и честички во воздухот, најчесто кога заразената личност кашла, кива, разговара или пее во непосредна близина на некој, кој ризикува да биде заразен.

Заразената личност може или не мора да има симптоми. Многу луѓе со ковид можат да очекуваат дека ќе добијат симптоми во рок од 11 дена, иако периодот на инкубација се движи од 3 до 14 дена.

Во зависност од тежината, болеста може да потреа недела или две кога станува збор за поблаг облик, или повеќе од шест недлеи кога станува збор за сериозни случаеви кои можат да бараат хоспитализација. Долгорочните ефекти на болеста над организмот можат да траат со месеци.

Според Центрите за контрола и превензијата на болеста, од симптоми, посебно од нивната отстутност, зависи кога е безбедно да се биде во близина на некој кој имал ковид-19. Секоја ситуација е поинаква, но експертите сметаат дека постојат три главни критериуми, пишува Крстарица.

Првиот е дека поминале 10 дена од почетокот на симптомите, да немале температура (без земање на било какви лекови за намалување на температура) најмалку 24 часа, како и нивните симптоми како кашлица или отежнато дишење се подобриле.

Важно е да се напомене дека луѓето кои се опоравуваат од ковид-19 и понатаму можат да имаат некои долготрајни симптоми, како отежнато дишење, умор или кашлица, или главоболка. Тоа не мора да значи дека тие лица се заразни. Само им е потребно подолго време за опоравување.

Во други случаеви, доколку личноста имала позитивен тест на ковид-19, но немала симптоми, експертите велат дека можат да бидат во близина на други луѓе откако ќе поминат 10 дена од тестирањето. Секој кој има ослабен имунолошки систем, можеби ќе мора да остане дома подолга од 10 дена.

За оние кои имале близок контакт со личност која има ковид-19, се поречува да останат дома 14 дена после таа изложеност. Може да поминат и до две недели до појавата на симптомите.

Експертите предупредуваат дека носењето маска и развивањето на свест за социјална дистанца, се исклучително важни во борбата против вирусот.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *