Кои ваkцини смеат да ги примат оние кои се алергични на пеницилин?

“Секоја личност која во својата историја на болести има алергиски реакции од сериозен тим, како што е анафилактички шоk, пред примањето на ваkцината против ковид-19 треба да се обрати на избраниот лекар или специјалист. Посебно имајќи во вид дека производителите предвиделе да се применат мерки на внимание, односно да лицата кои имале историја на хиперсензитивност треба да се воздржат од ваkцинација пред се со ваkцините на Синофарм и Спутник V” истакнал за порталот Н1 магистерот по фармација Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови во Србија, одговарајќи на прашањето дали ваkцините против ковид-19 се безбедни за личности алергични на пеницилин.

“Кога споменуваме алергиски, односно реакција хиперсензитивност на пеницилински антибиотици, мораме најпрво да истакнеме дека ниту една од четирите ваkцини кои добиле дозвола од Агенцијата не ја содржат оваа супстанца во својот состав. Со самото тоа, ваkцината не може да предизвика такви симптоми кај лицата кои би ја примиле во смисла на директна реакција на активни супстанци, односно на помоќните супстанци од ваkцината” нагласил тој.

Зелиќ напоменал дека одговарачки медицински третман и надзор секогаш треба да бидат подготвени во случај на анафилактички појави после давање на ваkцина, што е, како што изјавил, процедура која се применува кај сите ваkцини кои се вбризгуваат.

Сличен став неодамна изнел и епидемиологот Владен Шапоњиќ, кој навел дека лицата кои имаат сериозни алергиски реакции во историајта “не би требало да ја примат кинеската и руската, но можат да ја примат ваkцината на Астразенека и Фајзер”, пишуваат српските портали.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *