Колку пари има Џо Бајден и зошто сите мислат дека тој е сиромашен?

Џо Бајден за многумина е можеби познат како човек од средна класа, но новоизбраниот претседател на САД е всушност мултимилионер.

На почетокот на својата претседателска кампања оваа година, Бајден објави информации за својот финансиски статус, кој вклучува и даночни извештаи како на државно, така и на федерално ниво и тоа за 2016, 17 и 18 година. Според тие податоци, Форбс проценил дека Бајден е тежок девет милиони долари.

Пред да стане потпретседател, бил сенатор од 1973 до 2009 година.

Како што напредувал во кариерата, платата на Бајден се зголемувала од 42.500 долари на 174.000 долари годишно, покажуваат архивските податоци од Сенатот. Кога е избран за потпретседател, добил уште едно покачување и започнал да заработува околу 230.000 долари годишно.

Откако ја напуштил канцелариајта, заработил доста пари од продажба на книги и држење на говори.

Во ноември 2009 година, нето вредноста на Бајден била помала од 30.000 долари, како што навел СиБиЕс, но животот после потпретседателскиот мандат бил прилично финансиски исплатлив за првиот човек на обама. Кога Бајден ги објавил финансиските извештаи во јули 2019 година, се видело дека тој и неговата сопруга Џил во текот на 2017 и 2018 година, заработиле повеќе од 15 милиони долари.

Попрецизно, Бајденови пријавиле бруто приходи од околу 11 милиони долари за 2017 година и 4,6 милиони долари за 2018 година. Најголемиот дел од тие пари доаѓаат од договори за повеќе книги со Флатирон букс, кои се проценуваат на осум милиони долари, но Бајденови заработиле доста пари и од држење говори во разни ситуации.

АП известил дека просечната, основна накнада за говор била околу 100.000 долари, но се движела од 40.000 до дури 190.000 долари. Њујорк Тајмс исто така забележал дека Бајден во текот на времето склопил дополнителни неплатени говорни ангажмани кои не се наведени во податоците.

Дополнително, финансиските извештаи откриле дека поранешниот потпреседател заработил 540.000 долари како професор на Пен Бајден центарот а дипломатија и глобален ангажман на Универзитетот во Пенсилванија.

Најголемиот дел од богатството на Бајден се наоѓа во недвижнини, но исто така имаат и портфолио инвестиции.

Како што наведува Форбс, двете куќи на семејството Бајден во Делавер заедно вредат четири милиони долари. Форбс пишува и дека семејството има и готовина и инвестиции во вредност од уште четири милиони долари, како и федерална пензија од милион долари.

Претседателската плата на Бајден ќе изнесува 400.000 долари годишно.

Соединетите Држави исто така на својот врховен командант му даваат надокнада за трошоци во износ од 50.000 американски долари за да поогнат во подмирувањето на трошоците кои се однесуваат на или се резултат на извршувањето на неговите службени должности.

Неговата сопруга, доктор Џил Бајден исто така неодамна споделила дека ќе продолжи да предава на државниот колеџ и кога нејзиниот сопруг ќе биде во Белата куќа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *