Коментар на денот: “Северна” Македонија ја победи Германија, што ли ќе се случеше ако беше цела?

Македонија ги живее најубавите фудбалски денови во својата репрезентативна историја.

Македонија во Дуизбург со резултат од 1:2 успеа да ја покори големата Германија и да и го нанесе првиот пораз во квалификациите по 20 години.

Македонската репрезентација на терен успеа да го направи незамисливото за многу помоќни репрезентации, односно да ги урне Германците на нивен терен.

По Европското првенство кое го обезбедивме кон крајот на минатата година, сега македонската фудбалска репрезентација е сериозно во игра за уште еден историски, далеку поголем успех – пласман на Мундијалот, а тоа ни се отвори по синоќешната победа.

За тоа колкав е успехот на репрезентацијата, сведочт и реакциите на светските медиуми, како и објавата на славниот англиски фудбалер Гери Линекер.

Гери на својот Твитер напиша: “Боже, Германија само што загуби од Северна Македонија”, а веднаш после неговиот твит доби коментар кој гласи:

“Замисли што ќе беше ако играа против цела Македонија”.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *