Коментаторот Стојановски одговори на критиките: Вака се гради нација, а не во Пржино

После одличната игра на Македонската фудбалска репрезентација и историскиот успех кои го постигнаа, бевме сведоци и на одличниот говор на коментаторот на Националниот сервис Тони Стојановски. Говор, кој предизвика огромен број позитивни, но и мал дел негативни реакции.

Тони Стојановски, коментаторот на националниот сервис, чија реакција по финалниот свиреж кој означување пласман на Македонија на Европското првенство во фудбал во 2021 година, стопли многу македонски срца, а неговата изјава беше пренесена и на неколку балкански медиуми. Реакциите на неговиот говор се многубројни, како што вели тој за “Фактор.мк” и испрати благодарност до сите оние кои му изразиле поддршка, но и на оние кои упатија негативни критики.

Тој за Фактор открива дека не верува дека ќе биде казнет за начинот на кој го коментираше телевизискиот пренос од натпреварот на Македонија и Грузија во Тбилиси.

Им благодарам на сите за поддршката, се уште не можам да им одговорам на сите, реакциите се многубројни. Благодарен сум и за негативните критики кои не се испоганети. Единствено добив само една закана од лице кој, како што можев да видам, имаше партиска иконографија на својот профил, изјавил Стојановски за Фактор.мк.

Коментаторот Тони Стојановски е категоричен дека во неговиот говор немало никаква партиска, ниту политичка позадина, и дека целиот говор е негов став, без било каков договор со раководството на Националниот сервис. Тој додаде дека сето она што го искажал, не било однапред подготвено и било кажано од срце.

“Тоа е мој личен став, тоа не може да се објасни, особено на оние кои не го препознааваат овој успех. Ова е голем чекор на изградба на нација, која не се гради во Пржино. Ова не е само фудбалки пласман, туку многу повеќе од тоа. Не сум член на политика партија и нема да бидам. Како што вели Волтер – човек без партија е ништо, но партијата го ограничува човекот. Тоа беше само говор во кој единствено воведот беше однапред подготвен и крајот немаше да биде искажан да не победеше репрезентацијата. Јас не сум херојот на вечерта, тоа се македонските фудбалери, а апелот мој до вжештените глави е да го слушнат и воведот и крајот на преносот и ако можат нешто да научат” вели Стојановски за Фактор.

Тони Стојановски изјави дека менаџерскиот тим секогаш ја поддржувале неговата работа, дури и во времето на претходната власт.

“Тоа е истиот менаџерски тим, кој постојано има разбирање за нашата редакција и ни дава слобода работите да ги искажеме и тогаш и сега на свој начин. Мене искрено ми е жал што од некои не е препозната патриотската, туку партиската димензија. Тука имаше величење на “Македонизмот” низ етничка призма, но победата на фудбалерите и начинот на кој што тие функционираат во репрезентацијата, е чекор кон формирање политичка нација според принципите на татковците на француската буржоаска револуција од 1789 година”, изјавил за Фактор.

Финалниот говор на коментаторот:

Коментаторот Стојановски исто така признал дека нарпавил пропуст со тоа што не ја споменал географската одредница “Северна” во официјалното уставно име на земјата, но и дека тоа во овој период не било дефинирано во делокругот на неговото работење.

“Никогаш не сум споменал “Северна”, затоа што тоа за мене не е прифатливо! Се уште има рок на прилагодување, а соседот воопшто не направил ниту еден чекор во таа насока” изјавил Стојановски.

Тој за крај порача дека љубовта кон татковината останува вечна, додека партиите можат да згаснат во кое било време.

“Македонштината во моето срце е поголема од сите партии, кои можат да згаснат во кое било време, но љубовта кон татковината ќе остане да постои” категорично вели Стојановски.

Какво мислење има твитер заедницата за говорот на Тони Стојановски?

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *